Милитанти од Исламската држава ги уништиле гробовите на св. пророк Јона и св. праотец Сит

На интернет се појави видео запис од милитанти од Исламската држава во Ирак кои ги уништуваат гробовите на светиот пророк Јона и светиот праотец Сит.

Според изјавата од ирачките власти која ја пренесува “The Daily Mail”, еден од урнатите гробови му припаѓал на светиот пророк Јона (Јунис на арапски), кој е почитуван и од Христијаните, и од Муслиманите.

„Структури од Исламската држава ја контролираат џамијата на пророкот Јона во Мосул“, изјавил г. Зухаир ал-Калаби за IraqiNews.com.

Според некои информации, милитантите го уништиле и почивалиштето на св. праотец Сит (третиот син на Адам и Ева), на арапски наречен пророк Шајит.

Суниските радикали само минатиот месец уништиле единаесет цркви, манастири и џамии во историскиот град на северот од Ирак, Мосул, предизвикувајќи бегалска криза за локалното население. Сунискиот радикален лидер, Абу Бакр ал-Багдади постојано ги повикува Муслиманите да дојдат во Ирак и Сирија за да ѝ се придружат на борбата за создавање на калифат.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz