Весник – за почеток на денот

Весник

Од денес е достапна страницата „Весник“ која претставува автоматизиран агрегатор на Православие.мк преку кој секој час се проверуваат и објавуваат најновите содржини поврзани со животот на Црквата во Македонија, но и пошироко, во дијаспората и светот воопшто. Објавените содржини се сопственост на нивните издавачи, и Православие.мк на ниту еден начин не полага право врз нив, туку само го објавува насловот и директно го поврзува читателот со изворниот натпис. При изработката на овој сервис се соочивме со недостиг на добро форматирани rss канали: за дел од нив најдовме привремени решенија, но за дел – не успеавме. Доколку сакате да го додадеме и вашиот сајт во овој весник, или пак не сакате да ги пренесуваме вестите објавени на вашите официјални презентации, слободно контактирајте нѐ.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz