Верата своја да ја воскреснуваме

kain

И му рече Каин на својот брат Авела: „Да појдеме в поле!” А кога беа во полето, Каин скокна на Авела, братот свој, и го уби. Тогаш му рече Господ Бог на Каина: „Каде е братот твој, Авел?” А тој одговори: „Не знам; зар сум јас чувар на братот мој?” А Господ рече: „Што направи? Чуј! Гласот на крвта од братот твој вика од земјата кон Мене. Затоа да си проклет од земјата, што ја отвори устата своја да ја прими крвта на братот од раката твоја. Кога ќе ја обработуваш земјата, таа нема повеќе да ти ја дава својата сила; ти ќе бидеш изгнаник и скитник по земјата!” А Каин му рече на Господа: „Казната моја е толку голема, што не може да се прости. Ете, денес ме истеруваш од лицето на земјата, и од лицето Твое ќе се кријам и ќе бидам изгнаник и скитник по земјата: значи, секој што ќе ме сретне, ќе ме убие.” А Господ Бог му рече: „Тоа нема да се случи; оти, кој ќе го убие Каина, седумпати ќе се казни!” И му стави Господ Бог знак на Каина, за да не го убие никој, кој ќе го сретне.

Прва книга Мојсеева 4, 8-15
Прва паримија од Вечерната во вторникот од втората седмица на Сечесниот пост

„А Каин му рече на Господа: Казната моја е толку голема, што не може да се прости“ (Битие 4,13). Дали било исправно така да се говори пред лицето на Бога Кој, иако е строг во правдата Своја, секогаш е подготвен да го помилува оној којшто искрено се кае? Но, зависта го помрачила здравото рассудување, престапот со предумисла го огорчил срцето, а Каин грубо Му одговорил на Бога: „Зар сум јас чувар на братот мој?“ (Битие 4,9). Бог сака да го омекне неговото камено срце со чеканот на својот строг суд. Меѓутоа, Каин не се дава, и затворајќи се во својата огрубеност, се движи кон она што го заслужил со својата завист и убиство. И чудно е тоа што и после тоа тој живеел како и сите други: имал деца, засновал семејство и секакви други животни односи, иако печатот на отфрленоста и очајанието постојано бил на него. Значи, тој бил во неговата внатрешност, во неговата совест, која во својот однос кон Бога била потиснувана од делата, страстите и гревовните навики.

На ова треба да обратиме особено внимание! Меѓутоа, воедно треба и верата своја да ја воскреснуваме и преку неа да знаеме дека нема грев кој го победува милосрдието Божјо, иако е потребно да се вложи време и труд да се омекне срцето. Но, треба да знаеме што сакаме – спасение или погибел!

Свети Теофан Затворник

Оставете коментар

1 Comment on "Верата своја да ја воскреснуваме"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted
wpDiscuz