Верата на стотникот треба да е и наша вера

Верата на стотникот

А кога влезе Исус во Капернаум, се приближи до Него еден стотник и Го молеше говорејќи: Господи, слугата мој лежи дома фатен и многу страда.Исус му рече: „Ќе дојдам и ќе го излекувам.” А стотникот одговори и рече: „Господи, не сум достоен да влезеш под мојот покрив; но кажи само збор и слугата мој ќе оздрави; зашто и јас сум човек подвластен, а имам и потчинети војници; па кога ќе му речам на еден од нив: »Оди!« и тој оди; на другиот: »Дојди!« и тој доаѓа; и на слугата: »Направи тоа!« и тој прави.” Кога го чу тоа, Исус се зачуди и им рече на оние што врвеа по Него: „Вистина ви велам: ни во Израилот не најдов толку голема вера. И ви велам дека мнозина ќе дојдат од Исток и од Запад и ќе седнат на трпеза со Авраама, Исака и Јакова во царството небесно, а синовите на царството ќе бидат фрлени во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцкање со заби.” И му рече Исус на стотникот: „Оди си и, како што си поверувал, нека ти биде!” И слугата негов во истиот час оздраве.

Мт. 8,5-13

Каква е само верата на стотникот! И самиот Господ бил восхите од неа. Нејзината суштина е во исповедањето на Господа за Бог на сѐ, семоќниот Владика и Наредбодавец на сѐ што постои. Поради тоа и молел: „Кажи само збор и слугата мој ќе оздрави. Верувам дека сѐ Тебе Ти се потчинува и дека секој ги слуша Твоите наредби.“ Таква вера Господ очекува и од сите нас. На оној што има таква вера, ништо нема да му недостига, и ќе добие што и да побара. Тоа ни го ветил и самиот Господ. О, кога и ние би имале ваква вера! Но, и таа е дар и треба да се бара, повторно – со вера! Да ја бараме, но во крајна мера, затоа што ни е потребна. Да ја бараме постојано, со напор, да го потпомагаме нејзиниот развој во нас преку соодветно размислување, а пред сѐ преку послушност кон заповедите Божји.

Св. Теофан Затворник

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz