Ватикан: Римо-католичката црква е единствената вистинска Црква

Ватикан во вторникот (02 ноември 2010 година) издаде нов документ во кој го потврдува своето учење според кое Римо-католичката црква е единствената вистинска Христова Црква. Документот, кој содржи 16 страници е изработен од Советот за верска доктрина, тело-заштитник на ватиканските псевдо-верски доктрини и учења.

Формулиран во вид на пет прашања и одговори, документот е насловен како „Одговори на некои прашања кои се однесуваат на поединечни аспекти од црковното учење“. Во него се тврди дека иако Православната Црква е вистинска Црква, сепак таа е непотполна, затоа што не го признава папскиот примат.

„Следи дека овие одвоени цркви и заедници, иако веруваме дека страдаат од непотполност, сепак не се значајно лишени од тајната на спасението“.

Ватикан

Во истиот документ се додава дека протестантските деноминации – наречени христијански заедници изродени од реформацијата, не се вистински цркви, туку црковни заедници.

„Овие црковни заедници кои, особено поради отсуството на светотаинското свештенство… не можат, според римо-католичкото учење, да бидат нарекувани цркви во вистински смисол“, се додава во документот. Изјавата е слична на изјавите во претходните документи напишани од папата Бенедикт XVI во 2000 година, кога тој сè уште беше кардинал, а која наиде на остра осуда од протестантските заедници. Овој пат, нејзин потписник е доктронскиот наследник на Јозеф Рацингер, кардиналот Вилијам Левада.

Документот е издаден неколку дена по протестите на либералните римо-католички и еврејски групи против одлуката за почеста употреба на традиционалната латинска миса. Во триндентинската миса, која папата Бенедикт XVI ја препорачува за служење, постои посебна молитва при покрстување на Евреи, а истата била забранета со одлука на Вториот ватикански собор (1962-1965 година).

Во меѓувреме, дијалогот за надминување на разликите меѓу двете цркви продолжува.

Извор: http://www.cbc.ca

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz