Исчекувајќи Го Утешителот

Вознесение - Спасовден

Интересно е што службата на Вознесението содржи одредена тага, како што учениците се разделуваат со Христовото телесно присуство меѓу нив. Но утешението, Утешителот ќе дојде за десет дена, кога ние ќе го завршиме ова педесетдневно патешествие. Лесно е да го превидиме фактот дека и ова, како и Постот, е едно патување, дури и подлабоко исполнето со исчекување и копнеж. Честопати како да се повлекуваме / ја спуштаме топката откако ќе заврши Постот, додека овие педесет дена се следната фаза од патешествието. И скорешните недели, сите зборуваа за долгото исчекување, жед, итн: фатениот чекал 38 години; Самарјанката дошла до бунарот за да си ја изгаси жедта; слепородениот се носел со слепилото уште од раѓање…

И сиот тој шести глас (на Господи возвах) е толку меланхоличен, а особено кондакот, кој звучи како да утешува некоја вдовица која оплакува, потсетувајќи нè дека Христос, всушност, не нè напуштил. Како и обично, најдлабокото богословие може да го најдеме во кондакот на празникот (…се вознесе во слава, Христе Боже наш, никако не одделувајќи се, но останувајќи неотстапен, и викајќи кон оние што Те љубат: „Јас Сум со вас и никој против вас.”) А сепак, „разделбата е слатка тага!“

сестра д-р Васса Ларин
[статус и коментар објавен на нејзиниот личен Фејсбук профил на 28 мај 2014 година]

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz