Ѓакон Андреј Кураев: Валкана тема (2)

(продолжува од првиот дел)

Но, да си спомнеме нецензурирано за два најпознати и најубави грчки митови. Има еден збор што му е мил на секое новоруско срце – Кипар. На Кипар на секој турист му ја покажуваат „плажата на љубовта“, на која од морската пена некогаш излегла прекрасната Афродита. А во училиштата, при запознавање со овој мит, ги покажуваат репродукциите „Раѓањето на Венера“ на Ботичели, Рубенс, Тацијан…

Но само за едно нешто премолчуваат како туристичките водачи, така и учителите: тие немаат намера да ја објаснат причината на таа првична еколошка катастрофа. Од каде се појавила самата таа пена во првосоздадениот свет? Расказот за тоа ќе треба да се започне со бунтот на Кронос против Уран. Тој бунт, како што знаеме, завршил со кастрација на првичниот бог, а потоа – „детераѓачкиот орган на таткото, отсечен со остро железо, се носеше долго по морето, и се насобра бела пена наоколу од нераспадливиот член. И се зароди девојка во таа пена. И најпрво поплива таа кон светиот Китера, а потоа стигна до Кипар, измиениот од морето. На брегот излезе прекрасна богиња…Неа, Афродита, „родената од пена“, боговите и луѓето ја нарекуваат уште и Китерка овенчана со убавина, затоа што се родила од пена“ (Хесиод, Теогонија, 188-197).

Афродита, родената од пена
Афродита, родената од пена

Втор мит, наполу познат за сите, е оној што го опишува раѓањето на Атина од главата на Зевс. Изобилието на алегории и во овој случај го засенува природното прашање: а како Атина се нашла во Зевс? И овој пат одговорот не е најсимпатичен. Зевс тоа време имал сопруга по име Метида. Таа имала својство на полиморфизам и сакала да се превоплотува во што ќе ѝ текнело. Зевс, откако решил да се ослободи од неа, ја наговорил да се направи малечка… Знаете ли што се раскажува во сказната „Мачорот во чизми“? Така, штом Метида станала малечка, Зевс ја проголтал. И така мудроста се нашла во Зевс, зашто Метида во тоа време била бремена со Атина (види Хесиод, Теогонија, 886-890).

Генерално, Антиката тргнала по многу чуден пат. Се чини дека онаа култура која за свој идеал ја прогласува храброста и природноста, умереноста и хармонијата, би можела да го помине овој гребен. А таа токму на него трајно, за навек, застанала. Станува збор за хомосексуалноста.

Платон љубовта меѓу мажите ја поставува значајно повисоко од љубовта кон жената. Откако го раскажува митот за андрогините, пресечени на пола, Платон повествува: „…за при соединувањето на мажите со жените да се раѓаат деца и да се продолжува родот, а кога маж ќе се соедини со маж – да се достигнува задоволството од соединувањето, по што би можеле да одморат, да се фатат за работа и да се погрижат за другите свои потреби… Мажите што претставуваат половина од претходниот маж биваат привлекувани кон сѐ што е машко: уште од детството тие ги сакаат мажите, и им се допаѓа да лежат и да се прегрнуваат со мажи. Тоа се најдобрите меѓу децата и момчињата…“ (Платон, Гозба, 191ц-192а).

На тој начин, „паралелно со божествената философија процветала и љубовта кон децата“ (Лукијан, Две љубови, 35). Сексуалните услуги на момчињата се сметале за нормална форма на отплата за услугите на учителот, кој го обучувал момчето на некоја професија. Кога Алкивијад посакал да стане ученик на Сократ, „решив да направам сѐ, што Сократ ќе побара. Мислејќи дека ќе го привлече мојата убавина во цут (која ја сметав за прекрасен дар и своја голема среќа), зашто благодарение на неа би можел, откако ќе му ја дадам на Сократ, ќе слушнам од него сѐ што знае. Со вакви мисли еднаш го пуштив придружникот, без кого дотогаш не се среќавав со Сократ, и останав со него очи в очи… и чекав да прозбори со мене, како што говорат вљубените без сведоци, и се радував од претходно. Но, не се случи ништо слично. Решив да му пристапам јас… Легнав под неговиот излитен плашт и со двете раце го прегрнав човекот и така лежевме цела вечер. И, без оглед на сите мои настојувања, тој го одржа ставот, занемарувајќи ја мојата цутна убавина… Бев беспомошен и изгубен“ (Платон, Гозба, 217а-219е)1.

Како што гледаме, целомудрието на Сократ било предмет на зачудување. Впрочем, Сократ никогаш не ја осудувал педерастијата, никогаш не повикувал на обраќање кон жените – тој едноставно повикувал да не се љубат само телата на момчињата, но и нивните души, и душевната блискост да се поставува повисоко од телесната (Ксенофонт, Гозба, 8). Оттука, „сите треба да се женат, а да се сакаат момчињата нека им биде дозволено само на мудреците“ (Лукијан, Две љубови, 51).

Така Грците ги подражавале своите богови. На Олимп секогаш имало педерасти: љубовник на Зевс бил младиот Ганимед2; љубовник на Херакле бил Хила, на Посејдон – Пелоп3. Според зборовите на Овидиј, никој друг, туку Орфеј, „бил виновен што по него и тракиските народи исто така го пренеле љубовното чувство на недозреаните момчиња и ги кинат првите цветови“ (Метаморфози, 10,83-84).

Хигин во „Астрономските раскази“ (2,5) повествува за тоа, како Дионис сакал да се спушти во царството на Хад, за оттаму да ја изведе својата мајка Семела. Човек, по име Просимн, му го покажал патот, но од прекрасното момче побарал награда. Дионис, сакајќи да ја види мајка си, се заколнал дека по враќањето ќе го исполни она што од него се бара. „Плата срамна му се припрема на Дионис. Наградата била љубовна, а самата плата бил Дионис… Откако се вратил назад, не го нашол Просимн (зашто тој умрел). Исполнувајќи го „свештениот“ долг пред љубовникот, побрзал кон гробот и се предал таму на противприродни страсти: исекол некоја гранка од смоква, ѝ придал форма на машки член и седнал на неа, исполнувајќи го задолжението пред починатиот. Како мистичко споменување за оваа страст по градовите се издигаат фалуси на Дионис“ (Климент Александриски, Слово против паганите, 34,3-5). „Ми се чини дека потеклото на зборот ’мистерија‘ треба да се објасни од musos – срамот што му се случил на Дионис“ (Исто, 13,1).

Аполон бил вљубен во момчето Хијакинт (Аполодор, Митолошка библиотека, 1,3,3). Но во Хијакинт се вљубил и друг бог – богот на ветрот Зефир. Откако не му било возвратено, решил да им се одмазди на Аполон и Хијакинт. Еднаш кога Аполон („златокосиот Теб“) си играл со Хијакинт и го учел да фрла диск, Зефир подувнал и го оттргнал летечкиот диск, кој ја скршил главата на детето, од чиј гроб и почнале да растат цвеќиња хијакинти (зумбули) (Овидиј, Метаморфози, 10,175-195)…

Така што, грчките хомосексуалци едноставно ги подражавале своите богови и херои4.

И токму над овој свет се разнеле зборовите на ап. Павле: „Не лажете се: мажеложниците нема да го наследат Царството Божјо. А такви беа и некои од вас; туку се измивте, се осветивте, се оправдавте во името на нашиот Господ Исус Христос преку Духот на нашиот Бог“ (1Кор 6,9-11).

Машката љубов им била вратена на жените и осветена со црковно таинство… Христијанството ги вратило мажите на жените, можеби, како благодарност за тоа, што за време на Евангелските настани ниту една жена не Му направила нешто лошо на Христа – ниту со збор, ниту со постапка.

Но, денес тој дар на Христијанството бива оспоруван и исмеван од луѓето. Денес повторно станува престиж и мода да се припаѓа на „ЛГБТ – заедницата“.

Ќе се ограничам само на една вест од дневен весник: „Министерката за правда на Франција, Елизабет Гигу, се радуваше како дете. Скокна од место, се смееше, плескаше со рацете. Заедно со сите пратеници од левата фракција на Националното собрание. Всушност, левичарите и имаа за што да се радуваат. Сепак, успеаа да го провлечат законот, што во Франција дозволува бракови меѓу хомосексуалци. Законот се нарекува: ’Пакт на граѓанска солидарност‘ или PACS. Оние кои потпишале таква согласност, оттогаш според законот се наоѓаат во взаемни односи, соодветни на брачните. Тие можат да си го предаваат еден на друг имотот – како сопрузи. Да плаќаат помали даноци како женетите, да живеат под ист кров. Да водат домаќинство. Еден за друг да добиваат пензија. Оној, кој стапил во PACS, по една година веќе може да поднесе пријава за натурализација во Франција (обичниот брак такво право не дава). Отсега илјадници мажи и жени – странци-хомосексуалци, кои живеат со Французи или Французинки – ќе можат да претендираат на француско државјанство. За да спроведат ваков закон, на левичарите им требаше една година. И 120 часови седници во Парламентот.

Десничарите луто се противеа на прифаќањето на PACS. И, сепак, на 13 октомври законот беше прифатен од Националното собрание. Мнозинство од 315 гласови на социјалисти, комунисти и ’зелени‘ против 245 десничарски пратеници. Левичарите, особено социјалистите, ги исполнуваа предизборните ветувања, дадени уште во 1997 година. Поддршката од избирачите-хомосексуалци беше можеби нерешавачки, но суштински фактор, кој ја наклони тежината на терезијата во полза на левичарските коалиции на тие избори. Уште потежеста се покажа помошта на левичарите од страна на соодветното лоби во круговите на претприемачите и интелектуалците. Еве, припадниците на идеите на Карл Маркс и Владимир Ленин не ја изневерија својата позиција. Тие не еднаш докажаа дека нема закон, што не би биле спремни да го прифатат, за подолго да го задржат кормилото на власта…

Неслучајно прва против законот истапи Француската католичка црква. ’По ова гласање – се вели во обраќањето на епископите на Франција – сѐ посуштинско станува прашањето, дали сакаме за во иднина да ја зачуваме институцијата брак. Дали сакаме да ја подготвиме младината за создавање на вистинско семејство? Дали сакаме да им обезбедиме на таквите семејства можност да преживеат, да ја исполнат својата мисија на воспитание на човекот – својата незаменлива улога?‘. Свештениците сѐ уште не добиле одговор од политичарите“5.

И ние нема да чекаме одговор. Едноставно да си дадеме отчет за тоа, кое „христијанско наследство“ се смета за изживеано и застарено од страна на „новиот светски поредок“, кој гласно ги декларира своите претензии да го приватизира третиот милениум. Во училиштата на Сан Франциско првоодделенците веќе пишуваат диктати, во кои наместо традиционалниот почеток „Си живееле еднаш еден дедо и една баба“, поставуваат нов модел на „семејни“ односи: „Си живееа еднаш Џон со Џек…“.

Превод: М-р Георгиј Глигоров


1 Лукијан поинаку сметал: „И Сократ беше љубовник, како и секој друг, и Алкивијад, кога лежел со него под еден плашт, не останал недопрен“ (Две љубови, 53).
2 „Во оние дни, царот на небесните жители со страст се запали кон Ганимед Фригиецот“ (Овидиј, Метаморфози, 10,155).
3 Види: Климент Александрийский. Увещание к язычникам. М., 1999, с. 170.
4 „Не чуди се, и Патрокло не бил сакан од Ахил само толку да би седеле еден пред друг… Не, и во нивната дружба посредник била насладата. Бидејќи, кога Ахил ја оплакувал смртта на Патрокло, во него вистината повикала: ’Ох, бедро пријателско, блискост благодатна!‘ (Лукијан, Две љубови, 53)“.
5 Гусейнов Э. Женитьба без Фигаро. Левые во Франции выполнили обещанное гомосексуалистам // Известия 20.10.1999.

Оставете коментар

5 Comments on "Ѓакон Андреј Кураев: Валкана тема (2)"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

Ne bi sakala da gi sudam homoseksualcite,iako ne sakam moite deca da gi privlekuva partner od istiot pol. No mislam deka najgolemata greska e vo nas, zatoa sto retko koj e intimen samo za da sozdade potomstvo, najcesto toa go pravime za da pocuvstuvame primitivno telesno zadovolstvo. Togas koj moze da gi odredi pravilata koj na kakov nacin i so kogo kje dozivee ekstaticno raspolozenie. Edinstvena dobra rabota vo homoseksualnosta e shto nema da postoi vekje grevot abortus i zenata kje se spasi od osuda. No ne znam kako kje se prodolzi coveckiot rod.

Zalno e ona sto sega mu se slucuva na gakon Andrej Kuraev. Kako sto izgleda, homoseksualcite stanuvaat pomocni vo crkvata i gi likvidiraat site onie sto im se sprotistavuvaat. Mora da zastaneme protiv ova zlo. Sekako deka ne treba da gi osuduvame i tepame, ama golem grev e bar jas taja mislam da ostavime onie, “normalnite” da stradaat od vakvite bolni luge vo crkvata.

Не сте вие никои за да судите за нечиј живот. Хомосексуалци имало има и ке има. Зошто не поразговарате малку за џиповите што ги возат вашите свештени лица ?

Мислиш на оној џип што јас и неколку пријатели го дониравме на еден од владиците? А што имаш ти со тоа? Зарем требаше да те прашаме пред да донираме???

Nie ne sudime. Homoseksualci imalo i pred nasa era kaj neznaboscite. Apostol Pavle vo Poslanijata ima napisano deka e grev. Nie ne gi sudime, zatoa sto ne sme bezgresni, no ukazuvame deka toa e grev.

wpDiscuz