Успение: Празнувањето на празниот гроб на Богомајката

Возможно е Христос да се сака онака како што лојалистот, иако живее далеку, го сака својот цар. Иако тој не го видел лицето на кралот, ниту неговите очи, (сепак) го љуби сесрдно. Тој сече слики од весници и ги поставува на својот ѕид. Се воздржува од работа на царските празници.

Но, да се љуби царската мајка е возможно единствено за оној кој влегол во царските одаи, кому му било покажано она што е сокриено од очите на туѓите: не само животот на самиот цар, туку и оној на царското семејство. Потребно е да се биде еден од „своите“ на царот за да се љуби неговата мајка и неговите ближни.

Сето ова го кажавме за оддалеку да пристапиме кон темата за почитувањето на Божјата Мајка. За, преку аналогија да дојдеме до оваа вистина.

Почитувањето на Богородица е семеен залог, семеен спомен, семејно предание. Оној кој ја почитува онаа која во Сонце се облекува, онаа која е тајница на Божјото воплотување, престанува да Го почитува Бога оддалеку, и бива привлечен близу до Него. Славејќи ја Богородица, ние веќе не сме робови кои оддалеку оддаваат слава, туку деца на Божјото семејство.

Нејзините празници се сокриени. За нив може да се шепоти на уво, особено за нејзиното Успение. Можеби затоа монасите го љубат овој празник толку многу.

Успение - Голема Богородица
Успение Богородично

Приближувајќи се кон светлите тајни е подобно на приближување кон очистителен оган. Нè потсетува на Мојсеј, кој го покри лицето приближувајќи се на несогорливата капина (Исход 3,6). Затоа во канонот на празникот се пее: „Огради ги моите помисли, Христе мој, оти карпата на светот се дрзнувам да ја воспевам, чистата Мајка Твоја. На столбот на говорот укрепи ме, и во тешките мисли помогни ми“.

Во тешките мисли помогни ми… Ова им е појасно на монасите, отколку на другите.

+ + +

На денот на Успението Богородично, зборуваме за фактот дека Мајката на Светлината умрела.

Да ја изговориме оваа реченица уште еднаш, и целосно да ја формулираме според граматички правила: Богородица и Мајката на Светлината умре.

+ + +

По овие зборови и ова значење, празникот е можен само доколку нештото е надминато. Поинаку, не би постоел овој особен благден. Би продолжеле со славењето на Воведението во Храмот, Благовештението. Би го почитувале нејзините многубројни икони. Но, Успението не би се вброило во оваа светла листа. Попрво, тоа би било празнувано заедно со споменувањето на упокојувањата на праведниците, апостолите и мачениците. Споменот би го совршувале на ист начин како што си спомнуваме, на пример, за маченичките страданија и славните имиња на Петар и Павле.

Сите светии, раделувајќи се со телото, го чекаат воскресението од мртвите. Тие уште од сега се радуваат пред лицето Божјо, и не се плашат од иднината којашто ништо ужасно не крие за нив, туку само воскресението, умножувањето на славата, и полното входување во Царството. Сите тие се радуваат, но само со душите. Не продолжува да живее целиот човекот, и сè додека целината на душата со телото кое треба да воскресне не се воспостави, се работи за „непотполна“, „нецелосна“ радост.

Доколку во значењето на претходно реченото за Нејзината смрт ништо друго не би се додало, истото би важело и за Богородица. Но ова е благден, и тоа голем, затоа што гробот што недолго го држеше телото Нејзино, е празен. Петар и Павле го чекаат воскресението на мртвите. Сите светители го чекаат сеопштото воскресение. Но Мајката Божја не исчекува ништо за себе.

Нејзиниот гроб е празен со таа света празнина, која го означува и гробот на нејзиниот Син, Христос Спасителот.

Отец Андреј Ткачјов

Оставете коментар

1 Comment on "Успение: Празнувањето на празниот гроб на Богомајката"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

[…] светот ѝ посветуваат петнаесет дена на Богородица. Успението на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е толку важен празник, што на некои места се нарекува и […]

wpDiscuz