Умот или срцето?

За да биде „во право“ околу било што, на умот му е потребно да изнајде некој или нешто што е погрешно [односно, кој/што не е во право]. На некој начин, умот секогаш трага по некаков непријател (личноста која греши, односно е „во грешка“), бидејќи без непријател, умот не е баш сигурен за неговиот сопствен идентитет. Кога има непријател, тој е способен да биде посигурен во себе си. И бидејќи умот постојано трага по сигурност, која е нуспроизвод на желбата да се има право (да се биде во право), процесот на изнаоѓање и дефинирање на непријатели е постојана борба за опстанок. Прогласувањето на непријатели за умот не е несреќна карактерна особина, туку основна и повеќе од потребна задача.

За жал, да се биде во право не е она што им е вистински потребно на луѓето, макар што голем дел од нивните живот се троши во тој правец. Одбраната на своето его скоро секогаш е работа на „имање право“. Она што е интересно, е што Исус ниту еднаш не ги поучил Своите ученици да „бидат во право“. Она што Тој го барал од нив, е да бидат праведни. Слушајќи ги Неговите зборови, сфаќаме дека скоро сите наши сили ги насочуваме во погрешна насока; најчесто се бориме да бидеме во право со секој дел од нашето битие, а бивањето праведни го оставаме за слабите и наивните.

Детаљ, св. Архангел Михаил

Луѓето водат војни, извршуваат геноциди, и им ги ускратуваат основите човекови и граѓански слободи на другите, сè со цел да „се во право“. Постои малку сомнеж дека доколку во иднина се случи нуклеарна војна, ќе биде така само поради тоа што личноста која ќе посегне по копчето [за активирање на нуклеарното оружје] ќе верува дека е во право. За и околу нешто.

Религијата, на ниво на разумот, може да биде ужасно нешто, нешто што предизвикува уништување на маса луѓе, семејства, па дури и цели нации, сето тоа по цена да се биде во право. Скоро секој религиозен систем може, а најчесто и се однесувал единствено на ова ниво во определен дел од својата историја. Тоа е нивото на религиска свет која слугите на Царот на Мирот ги претвора во воини против сите оние кои имаат различни мисли од нивните сопствени [мисли]; тоа е нивото кое на оние на кои им е заповедано да им проштеваат на своите непријатели, им го дава правото да ги уништат своите непријатели.

Архимандрит Мелетиј Вебер

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz