Црковни и световни соблазни

porta-detalj

Едно дете ми вели во училиште: „Е, да оче, ни велите дека стадионите и концертите се опасни, ова-она, но толку скандали има од свештениците, како да одам во црква?“. Гледате умот какво сфаќање има? А, јас му велам:

– Да ти кажам нешто. На концертот, каде што беше, знаеш дека тој што свиреше зема наркотици, се занимава со магија, многупати се има разведено, направил многу абортуси, бил во затвор за нарко-дилерство и за слични работи од подземјето – а ти упорно одиш и одиш и викаш ура! Трошиш пари, а не добиваш ништо добро. А во Црква, не одиш заради свештеникот, а добиваш благодат. На концертот одиш заради тој човек, го гледаш како бог и му се поклонуваш, а во ниту една црква не се поклонуваме на луѓе, ниту на конкретен свештеник, туку на Христос и во најсвештениот момент кажуваме – еден е Свет, еден Господ, Исус Христос – затоа одиме во Црква. Седни и размисли убаво, си се фатил само за еден-два скандали и само тоа го зборуваш. Таму, кај што се кријат огромни финансиски интереси, кај што ги заведуваат младите и ти даваат идеи за самопогубување, и слични работи – таму не се замислуваш и не велиш: „Да не станам жртва? Некој да не ме искористи? Што се случува?“.

Сите овие прашања: дека ме користат, дека сум жртва, дека некои играат со мене многу нечесна игра – сето ово го мислиме само за Црквата. За таму сме сите претпазливи и внимателни и велиме: „ништо не е добро, грешни попови, соблазни! Толку многу лоши работи!“. Од друга страна, пак, децата одат по концерти и не се виновни. Нив не ги поучуваме дека тој и тој филм (кај што, на пример, човек флертува со туѓа жена), не е за пример. Не објаснуваат дека на таков начин не се создава семејство. Ако со тој светоглед создадеш семејство и ако така ги гледаш луѓето околу себе, ќе го уништиш домот. И детенцето што ќе го родиш, ќе го оставиш осакатено и иднината во светот ќе ја осудиш на повеќе разводи. За нив ова што го кажувам е басна. Теорија. Мои фантазии. Преувеличување.

Архимандрит Андреј Конанос

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz