Царот и монахот

Еднаш царот му се обратил на монахот-отшелник:

– Побарај од мене сè што сакаш и ќе ти дадам!

Монахот му одговорил:

– Сакам бесмртен живот, вечна младост, неисцрпно богатство и радост што нема да биде помрачена од никаква тага.

Царот му рекол:

– Немам власт над овие работи.

– Тогаш, биди милостив и остави ме на мир – му вратил монахот. – Сето ова ќе го просам од Оној Кој може да ми го даде.

И започнал да се моли на Бога.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz