Триодот, забранетата книга

Посен Триод

Каков Триод, каков Диод*!

Триодот е духовна патарина, попатнина што не ја плаќаме, туку таа ни исплаќа духовни пари и духовни плодови. Таа е и „забранета книга“, зашто во неа може да се најдат неколку криминалци. Започнува со митарот (цариник, арамија од минатото кој грабал пари од луѓето), минува низ една озлогласена улична проститутка (каква што била Марија Египетска) и завршува со еден мафијаш – бандит кој не оставил човек, а да не го задева.

Книгата започнува со воздишките на митарот: „Боже, биди милостив кон мене, грешниот“ и завршува со разбојникот на Крстот кој повикува „Спомни си за мене, Господи, во Царството Твое“.

Во неа се наведуваат бројни „забранети“ дејанија, преку кои се објавува Законот на Божјата Љубов која се пресметува со незаконското и противзаконското однесување според човечката култура, во која нема место за проштевање и покајание.

Според човечкото кривично право, Разбојникот на Крстот бил најлошо ѓубре од доброто општество. За Христос и Неговото Царство, пак, тој бил првиот свечен гостин на Рајот.

Затоа, годинава да се потрудиме Триодот да ни биде попатнина кон Рајот.

* Игра на зборови: Диод (διόδιο), грчки збор за премин, што во современиот јазик се користи за патарина, попатнина.

Презвитер Дионисиј Тампакис

Оставете коментар

1 Comment on "Триодот, забранетата книга"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

[…] Триодот, забранетата книга […]

wpDiscuz