Три пророштва за Украина

Св. Лаврентиј Черниговски (+1950)

Штом малку слобода дојде, и се отворат и обноват црквите и манастирите, тогаш секакви лажиучења ќе се појават; демони и потајни незнабожци (католици, унијати, саморакоположени Украинци и др.) ќе земат оружје в раце и свирепо ќе се борат против Православната Црква на светиот Рус, против нејзиното единство и соборност. Една безбожна влада ќе ги поддрши еретиците и тие ќе ги освојат црквите од православните и ќе ги заблудат верните. Тогаш, еден Киевски митрополит (недостоен да се нарече така), заедно со неколку епископи и свештеници – истомисленици ќе ја потресат Руската Црква од темел. Неправдата што тој ќе ја направи ќе го исплаши и вчудовиди целиот свет. Самиот тој, како Јуда, ќе заслуши вечна погибел. Сепак, овие клевети и лажеучења ќе исчезнат од Русија, и ќе опстои само Руската Православна Црква.

Старец Јона од Одеса (+2012)

Една година по мојата смрт ќе се јават проблеми во една земја помала од Русија. Несреќите ќе траат две години, по што ќе се појави рускиот цар. Првиот Велигден ќе биде исполнет со крв, вториот со глад, а третиот со победа.

Старец Григориј Дохијарски, Света Гора (порака од 21 март 2015г.)

Секој Украинец мора да сфати дека доколку сака благослов за неговата земја, тогаш мора да ги истераат Американците надвор. Украинците нека се потпрат на нивните браќа по вера и крв, Русите. Ако им дозволите на Американците да се мешаат во украинските работи, тогаш вашата земја никогаш нема да се опорави. Нема потреба да ги убивате вашите ближни… како е можно брат да го убие брата си? Денес со голема болка го следиме развојот на настаните. Манастирот Дохијар на помош ги испраќа своите молитви за украинскиот народ, на кого како манастир, сме му многу благодарни.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz