Три побожни митови

и вистината за нив

Мит бр. 1: Свештените лица не смеат да прават некои работи (гревови) кои обичните луѓе смеат да ги прават.

Улогата на свештеникот е слична со улогата на диригентот – како што оркестарот треба да биде наштиман и никој да не фалшира, таква треба да биде и црковната заедница, која ја предводи свештеникот. „Бог не гледа по лице, гледа по срце“. Човекот е склон кон гревот, но сепак, гревот е непријател на цело човештво, а не на поедини луѓе. Во христијанство ја дознаваме вистинската „улога“ на гревот и добиваме оружје против гревот. Но, поради појавата на номиналните христијани, свеста за христијанската одговорност опаднала. А, номинални христијани се сите оние кои сметаат дека само свештениците се одговорни за Црквата, како Тело Христово.

Преображение, објавување на Божјата природа на Господ Исус Христос
Преображение, објавување на Божјата природа на Господ Исус Христос

Мит бр. 2: Причеста треба да се прима само четири пати во годината.

Овој мит потекнува од поуката на свети Филарет Московски, која е извадена од контекст. Во оригинал гласи: „Црквата, со мајчински глас ги повикува грешниците [се мисли на оние со големи гревови] да се причестуваат (барем) четири пати годишно, или секој месец.“ Се подразбира дека ова е кажано за оние христијани кои се почетници и кои сè уште не се утврдиле во верата.

Мит бр. 3: Отецот е Бог, а Господ Исус Хрисос е само Негов Син, но не и Бог.

Бог е како сонцето, кое е едно, но има: светлина, топлина и физичка маса. Така и Бог е Еден по суштина, но постои како три Личности: Отецот, Синот и Светиот Дух. Тие се еднакви по „ранг“. Никој не е помал, понесовршен или поголем. Сите се исти. Но, се разликуваат по својата „улога“. Синот избрал да стане човек, затоа што човекот можел да се приближи до Бога единствено како син. Така, Синот примил човечка природа и се вратил кај Неговиот Отец за да ја соедини таа природа со Отецот и со Светиот Дух. Сето ова, накратко е изложено во Символот на верата.

Милош Дрпа

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz