Ти Господи, Единствен си Бесмртен…

Кондак, гл. 8: Со светиите упокој ги, Христе, душите на слугите Твои, каде што нема болка, ни тага, ни воздишка, туку живот бесконечен.

Икос: Ти Господи, Единствен си Бесмртен, Ти Кој си го создал Човекот. Ние, луѓето, пак, сите сме земни, од земја сме создадени и во неа пак ќе појдеме, како што Ти, Создателу наш, Си заповедал и Си рекол: „Земја си и во неа ќе се вратиш!“, каде сите ќе појдеме кои твориме надгробно ридање и песна: Алилуја, алилуја, алилуја.

од Канонот за упокоени

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz