Не биди мрзелив и моли се за починатите

Браќа, не сакам да не знаете за умрените, за да не жалите како и другите, што немаат надеж. Оти, ако веруваме дека Исус умре и воскресна, тоа и упокоените во Исуса Бог ќе ги приведе со Него. Ова, пак, ви го велиме преку словото Господово, дека ние, живите, што ќе останеме до доаѓањето на Господа, […]

[Видео] Како достојно да ја поминеме Духовденската задушница?

Саботата пред Педесетница Црквата си спомнува за сите нејзини упокоени чеда. Бидејќи Духовденската задушница ја пратат повеќе неправилни ритуали, отец Игор Здравковски од Кумановско-осоговската епархија нѐ поучува како достојно и христијански треба да ја поминеме задушницата, но и Светата Педесетница утредента, еден од дванаесетте големи Господови празници.

Ти Господи, Единствен си Бесмртен…

Кондак, гл. 8: Со светиите упокој ги, Христе, душите на слугите Твои, каде што нема болка, ни тага, ни воздишка, туку живот бесконечен. Икос: Ти Господи, Единствен си Бесмртен, Ти Кој си го создал Човекот. Ние, луѓето, пак, сите сме земни, од земја сме создадени и во неа пак ќе појдеме, како што Ти, Создателу […]

Значењето на духовденската задушница

На духовденската задушница си спомнуваме за сите побожни православни христијани кои се упокоиле во Господа, и си припомнуваме за страшниот Ден на судот. Нека Христос, нашиот Бог, биде милостив кон нив, и кон нас. На Литургијата во саботата пред Педесетница (Духовден) се читаат две апостолски (Дела 28,1-31 и 1Сол. 4,13-17) и две евангелски четива (Јн […]

Синаксар во саботата месопусна

Не спомнувај ги гревовите на умрените, Слове, Твоето милостиво срце да не држи лутина. Во овој ден божествените оци озаконија да се прави помен на сите од века благочестиво упокоени луѓе, од следниве причини: прво, бидејќи има луѓе кои предвреме се упокоиле во туѓина, во мориња и непроодни гори, стрмнини и јами, во несреќи и […]

Митровденска задушница: зошто?

До нашата редакција деновиве пристигнаа неколку писма со барање да објасниме кое е значењето на задушницата, воопшто, како и потеклото на оваа конкретна задушница, позната како митровденска (поради фактот што се одбележува во саботата пред празникот на св. Димитриј Мироточив Солунски). Во консултација со свештенството на МПЦ-ОА и користејќи релевантна црковна литература, дојдовме до следните […]

За почитувањето на споменот на упокоените

Често гледаме како роднините се трудат да го изведат погребот или да го уредат гробот што побогато. Понекогаш се трошат големи средства за подигнување на раскошни споменици. Роднините и пријателите трошат пари и на венци и цвеќиња, кои не се положуваат во гробот, за да не го забрзаат распаѓањето на телото. Некои други сакаат преку […]