Од Цветници до Пасха

Барем од Цветници до Пасха да се запрашаме: – Дали знаеме што правиме? – Дали знаеме што работиме? – Дали знаеме за кого работиме? – Дали знаеме со кого живееме? – Дали љубиме? – Дали почитуваме? – Дали сме послушни? – Дали се молиме? – Дали веруваме? – Дали се плашиме? – Од што се […]

Во Градот на мирот

Радувај се и веселеи се граду Сионе, ликувај и радувај се Цркво божја: ете, Царот твој доаѓа во правда, седнат на осле, од младенците воспеван: Осана на висините, благословен си, Кој имаш безмерна милост, смилувај се на нас! (Јн. 12, 1-18) Празникот на Влегувањето на нашиот Господ и Спасител во Ерусалим е настан кој изобилува […]

Синаксар на Цветна недела

Словото Божјо, Кое ги покрива небесата, Седнат на бесловесно осле, доаѓа да ги ослободи луѓето од бесловесноста. Во овој ден го празнуваме славниот и пресветол празник Цветници (Врбица) од следнава причина: По воскресението на Лазара од мртвите, мнозина од оние што го видоа овој настан поверуваа во Христа, поради што Јудејскиот суд реши да го […]

Неколку детали за Цветници

Називи за празникот: Недела на палмите, Цветна пасха, Цветна недела, Цветно воскресение, Вход на Господ во Ерусалим, Цветници. На Лазарева сабота, денот пред Цветници, се вршело крштение и затоа останало да се пее: „Вие кои во Христа се крстивте, во Христа се облековте“, наместо Трисветата песна. Се прави литија со носење на гранчиња и осветување […]

Христовото влегување во Ерусалим

Покрај акламациите на народот за воскреснувањето на Лазара и покрај неговите очекувања, сепак, „царското влегување“ (свети Кирил Александриски), т.е. влегувањето на Царот Христос во Ерусалим, се случува со најдлабоко смирение. Настаните што се случија при Христовото влегување во градот, каде што по неколку дена ќе претрпи многу измачувања и ќе биде распнат и ќе воскресне, […]