Тропар на втори глас

Забелешка: Заради поголема прегледност, тропарот е поделен на неколку делови. 1. (Ј)егда [кога] снишел (ј)еси [си слегол] к смери [кај/кон смртта] животе [животе] бесмертниј [бессмртен] Препев: Кога си умрел Животе Бесмртен 2. тогда [тогаш] ад [адот] умертвил(ј)еси[си го умртвил] блистанием[со блескањето]божества[на Божеството] Препев: тогаш адот си го умртвил со блескањето на Божеството 3. (ј)егда[кога] же […]

Аз буки веди. Глаголи добро јест.

Почетокот на црковнословенската глаголица (буквица, но и Кириловица) е ист со почетокот на македонската азбука: а, б, в, г, д. Но, на црковнословенски јазик буквите имаат свои имиња: А = аз, Б = буки, В = веди, Г = глаголи, Д = добро, итн. Глаголицата започнува вака: Аз (јас) буки (букви) веди (знај) глагол (говори) […]