Морам ли потполно да се откажам од светот?

Еден неопитен монах го прашал својот старец: – Старче, морам ли сега потполно да се откажам од светот? И како да го сторам тоа? Старецот му одговорил: – Не бој се и не се грижи. Ако твојот живот биде навистина христијански, светот прв ќе се откаже од тебе.