10 нешта што треба да ги направиме во Страсната седмица

Ако Христовото Воскресение не стане и наше Воскресение, тогаш попусто го празнуваме Велигден. Но, за ова да се случи, ние прво треба да се крстиме со Неговото Крштевање, односно да умреме со Неговата смрт. А кое време е попогодно за ова од самата Страсна седмица? Еве десет нешта што треба да ги правиме оваа недела, […]

Од Цветници до Пасха

Барем од Цветници до Пасха да се запрашаме: – Дали знаеме што правиме? – Дали знаеме што работиме? – Дали знаеме за кого работиме? – Дали знаеме со кого живееме? – Дали љубиме? – Дали почитуваме? – Дали сме послушни? – Дали се молиме? – Дали веруваме? – Дали се плашиме? – Од што се […]

Христос говори за својата смрт

„Кој Ми служи Мене, нека врви по Мене, и каде што сум Јас, таму ќе биде и мојот слуга. И кој Ми служи Мене, него ќе го уважува и Мојот Отец. Душата сега Ми се нажали, и што да кажам? Оче, избави Ме од овој час! Но, заради тоа и дојдов на овој час. Оче, […]

Црковниот Младоженец (1)

Во православната традиција седмицата на Господовото Страдание се нарекува Велика Страсна (или Страдална) Седмица. Секој ден од неа се нарекува Велик или Свет: Велик Понеделник, Велик Вторник, кулминирајќи со Велики Петок кога Господ е распнат, по што следи Благословената Сабота кога на службите се објавува дека Семоќниот Бог одмора од сите Свои дела, кога Неговиот […]

Директен пренос на службите од Страсната седмица на арапски јазик

Преку донација на добронамерни верници, намесништвото на Бејт Џела (Ерусалимска Патријаршија) од Светата Земја во текот на Страсната седмица врши директен пренос од овие свети и свештени богослужби. Градот Бејт Џела се наоѓа меѓу Ерусалим и Витлеем, и е познат како домот на св. Николај Чудотворец (Мирликиски). Речиси 250 илјади арапски православни христијани потекнуваат од […]

Слово на Велики Петок

на светиот Филарет, Митрополит Московски изречено на Велики Петок, 1816 год. Бог толку го возљуби светот (Јн 3,16) Можеби некои ќе речат, сега ли најде да говориш за љубовта? Сега ли, кога плодот на непријателството созреа во градината на Возљубениот; кога и земјата трепери од ужас, срцето на камењата се крши и небесното око се […]

Се сврши!

Пред неколку дена Го пречекавме Христос во Ерусалим, Кој како цар влезе во неговиот град, а сега пред нас мртов лежи. Му се придруживме на трпезата, јадејќи од лебот што го прекрши за нас, а сега Неговото мртво тело лежи пред нас. Ни ги изми нозете, а ние сега Го помазавме и Го погребавме. Се […]

Акатист на Божествените Христови страданија

Кондак 1 Избран Војводо и Господи на небесата и земјата, додека Тебе, Царот, Бесмртниот, Те гледаше како на Крстот висиш, сета твар се измени, небото се исплаши, темелите на земјата се растресоа: ние, пак, недостојните, принесувајќи благодарно поклонение на Твоето страдание поради нас, со разбојникот Ти извикуваме: Исусе, Сине Божји, спомни си за нас кога […]

Св. Климент Охридски: Слово за Велики Четврток

Браќа, денес го слушнавте евангелистот како раскажува за Христовите страдања што нашиот Создател и Бог ги претрпе за нас. Како да не затрепери срцето, кога слуша дека Бог претрпел такви страдања поради Своето големо човекољубие? Или кој нема да се ужасне слушајќи за такви страшни чудеса? Кога сонцето Го виде како е распнуван, својата светлина […]

Писмо до Јуда

Драг Јудо! Еве, те ословувам „драг“. Кај нас, значи, овде на земјава, „драг“ е вообичаен помодарски збор (што се користи) на почеток на писмата. Бидејќи се работи за тебе, многу е опасно (човек) така да се изразува, иако сите ние велиме дека љубовта нема и не смее да има граници. Ти го пишувам ова писмо […]

Да појдеме со Господа Кој доброволно оди на страдање

Велик понеделник Господ оди на доброволно страдање. И ние треба да одиме со Него. Тоа е долг на секој кој исповеда дека преку Христовото страдање станал она што е, и дека уште ќе добие нешто толку големо и славно, што на човека ни на ум не може да му дојде. Како, пак, да одиме со […]

Велики Вторник: Во очекување на Женихот

Tогаш царството небесно ќе заприлега на десет девојки, кои ги зедоа своите светилници и излегоа да го пречекаат младоженецот. Петте од нив беа мудри, а петте – неразумни. Неразумните, како ги зедоа светилниците свои, не понесоа со себе елеј; а мудрите, заедно со светилниците, зедоа во садовите свои и елеј; и бидејќи младоженецот се забави, […]

Црковниот Младоженец (2)

Страдалната Седмица почнува со Ете, Младоженецот доаѓа…, а тоа е поврзано со параболата за десетте девојки (види Мт 25,1-13) кои треба да бидат будни и подготвени, да имаат масло со себе, та кога ќе го чујат повикот: „Ете, Младоженецот доаѓа“, да бидат подготвени да Го пречекаат. Тоа е тропарот, главната химна што се пее на […]

Страдањата и Крстот Христови

На многу начини може да им се пристапи на Христовите страдања и на Крстот, а тоа зависи од начинот на живот на секој човек. Едниот начин е човекоцентричниот, каде што нагласено владее сентименталниот елемент. Вториот начин е т.н. етички начин, каде што страдањата и крстот Христови се прилагодуваат на настани од човековиот живот, и на […]

Велики Четврток: Евхаристија

Во името на Отецот, и Синот и Светиот Дух, Кога Господ на Тајната Вечера ја востанови онаа тајна на нашата вера која ја нарекуваме Света Литургија или Евхаристија, околу Себе ги собра Своите ученици; ги собра оние кои Му останаа верни до смрт, но и оној кој веќе се беше подготвил да Го предаде својот […]