Благодатта Божја се губи поради бесрамност

Потребно е многу да се внимава. Неуредното и невнимателно живеење е препрека за божествената благодат. Најголема препрека за приближување на благодатта Божја е недостигот на чистота. Колку понепослушни се младите, толку повеќе се оддалечуваат од благодатта Божја. Слободата што овој свет ја дава е непријател не само на благочестието, туку и на светската мудрост. Така, […]

Молитвата е кислород за душата

Молитвата е кислород за душата, потреба на душата. Читањето на Светото Писмо многу ѝ помага на молитвата. Ја затоплува душата и ја пренесува на едно духовно место. Старец Паисиј Светогорец Бог од нас бара само едно нешто: да Го почитуваме, да Го возљубиме и да ги пазиме Неговите заповеди, помнејќи дека Он е наш Создател. […]

Молитвата на старец Паисиј

Љубовта што светиот старец Паисиј ја имал за целиот свет ни е на сите позната. Старецот, со неговите молитви им помогна на многу луѓе за време на неговиот живот, но и по упокојувањето. Но, прашањето што мнозина си го поставуваат е од каде доаѓала неговата способност да им помага на другите и да чудотвори. Секако, […]

Разговор со старец Паисиј за соновите

Старче, сонувам лоши сонови, се измачувам… Кога ќе се случи да сониш нешто лошо, не размислувај за тоа што си го видел, како си го видел, дали и колку си виновен за сонот. Ѓаволот, откако не успеал да те порази додека си бил буден, те посетува ноќе. Понекогаш Бог му дозволува да нѐ искушува додека […]

Нашите мисли влијаат врз сите околу нас

Покајанието е промена на животот. Потребно е човек да појде кај свештеникот, или кај својот ближен, и да му каже што е тоа што му го ремети мирот. Штом другите земат учество во нашето страдање, ние добиваме утеха и сила. Ако се свртиме кон Изворот на Животот, Господ ќе ни даде сила за во себе […]

Сѐ треба да Му признаеме и да Му кажеме на Бога

Честопати се чувствуваме потиштено, и тогаш ги сфаќаме Христовите зборови: „Дојдете при Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам“ (Мт. 11,28). Младите луѓе не можат потполно да го сфатат ова, зашто тие не се толку обременети, но зрелите луѓе, кои минале низ многу опасности, таги, потешкотии, несреќи и слабости, многу добро разбираат […]

Не можам да одам на Вечерна: Што можам да направам?

Живееме во динамичен свет, немаме време речиси за ништо. Би сакале да одиме на вечерни и утрени богослужби, можеби и на повечерие, но едноставно, обврските не ни дозволуваат. Понекогаш, и да ни дозволат, ќе појдеме во црква – ќе видиме дека нема вечерна, или во најдобар случај, богослужбата е отслужена. Или пак, свештеникот сака да […]

Секоја професија може да биде осветена

Секој човек, преку својот живот и работа, треба да ја освети својата работа и да стане свет. Уште повеќе, доколку самиот е работодавач, треба на своите работници духовно да им помогне. Ако човек е во добро внатрешно расположение, тогаш и неговата работа ќе биде осветена. На пример, кога еден чирак оди да изучи занает кај […]

Документарец: Св. старец Паисиј во Синајскиот манастир

Документарен филм на руски јазик (со англиски превод) за престојот на светиот старец Паисиј Светогорец на Синајскиот манастир „Св. вмч-ка Катерина“. Старецот го посетил манастирот кога имал 38 години, и уште тогаш имал стекнато духовни дарови. Во филмот се прикажани досега невидени сцени од манастирот, а во него говорат Блажениот Архиепископ г. Дамјан и старец […]

Старец Паисиј и монахот што се молел за Сталин

Еден монах, кој се подвизувал во Капсала (на Света Гора), размислувал кој од упокоените луѓе од светската историја е најлош и во моментов, во другиот живот, е во најнеповолна состојба. Сето ова го мислел за да се зафати со бројаницата за неговата душа, и да се моли Бог да се смилува на него. После некое […]

За „некомпатибилните“ сопружници

Еден маж дојде дојде до мојата келија, кажувајќи ми дека поради расправите со неговата жена станал многу депримиран. Но, за мене тоа не беше голем проблем. Тој се мрштел заради едно, жена му заради друго, па не можеле да бидат заедно. Во овој случај беше потребно мало „полирање“. На пример, видете ги необработените даски: една […]

Дали е христијански да се протестира?

Оче, дали имаат некаков резултат протестите и различните иницијативи што ги прават христијаните? Самата појава на христијаните е исповедање на верата. Некој може повеќе да помогне со молитва, но останатите, заради неговото молчење, може да кажат: „Тие и тие не протестираа, значи не се против нас, на наша страна се“. Ако, пак, некои не започнат […]

Потребата од исповед

Оче, преподобен Марко Подвижник вели: „оној што ги знае работите се исповеда пред Бога не со набројување на согрешенијата, туку со трпение за маките што ќе му се случат“. Што сака да каже? Верникот треба да се исповеда и пред духовникот, а исто така, за време на молитвата да се исповеда смирено пред Бога, разголувајќи […]

Болки и лекови

Оче, јас често примам лекови, а вие, колку што ми е познато не пиете дури ниту кафе. Јас веќе сум ти зборувал за ова. Кога христијанинот со полна доверба се предава на Господа, тогаш Тој испраќа мир и спокој, и во телото на човекот, и во неговата внатрешност. Како резултат на тоа, внатрешните органи и […]

Сите страсти произлегуваат од егоизмот

Оче, што е себељубие? Себељубие е да ги исполнуваш хировите на стариот човек, односно, љубовта кон него. И прејадувањето, и егоизмот, и инаетот, и завидливоста се резултат на себељубието. Има луѓе кои заради себељубието бараат за себе си удобност и комфор и не се сложни со никого. Некои, пак, со схоластичка точност се грижат за […]