Паримии за Сретение Господово

И во тој ден ги изведе Господ синовите Израилеви од земјата Египетска со нивната војска. Му рече Господ на Мојсеја, велејќи: „Посвети ми го секое првородено, кое ја отвара секоја утроба меѓу синовите Израилеви: и од луѓето, и од добитокот. Тие Мене ми припаѓаат!” И Мојсеј му рече на народот: „Помнете го овој ден, во […]

Сретение Господово

По четириесет дена од Неговото телесно раѓање, Христос беше принесен во Храмот, согласно со установите од Законот. А бидејќи таму во Храмот му беше приреден дочек од луѓе што беа движени од духот, а особено бидејќи Симеон го зеде во својата прегратка, затоа и се нарекува сретение. Зборот произлегува од глаголот пресретнувам и значи доаѓам […]

Принесувањето на Богомладенецот

Трогателна е сцената каде што Христос се принесува како младенец во Храмот. Предвечниот Бог, кој истовремено како Логос Божји беше постојано соединет со Својот Отец и со Светиот Дух, и го управуваше светот, сета вселена, се јавува како младенец во Храмот, наоѓајќи се во прегратката на Својата мајка. Иако Христос беше младенец, истовремено беше „предвечен […]