Свети Кипријан Слепченски

Синаксар Во 17от/30от ден од месецот Април спомен празнуваме на светиот свештеномаченик Кипријан, игумен на славната Слепченска обител на чесниот Претеча, кој пострада во оган од нечестивите Агарјани во 1780 г. Во времето кога заради гревовите човечки, Бог допушти Исмаилќаните да завладеат со Балканските земји, една група од нивни арамии ја нападна славната Слепченска обител […]

Синаксар на неделата на слепиот

Подателу на Светлина, Кој си Светлина од Светлината, Слове, му даруваш вид на слепородениот. Во овој ден, Шеста недела по Пасха, го празнуваме чудото на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос, што го направи над слепородениот. И ова чудо го направи со помош на вода, како и она со Самарјанката и со раслабениот. А […]

Синаксар на четврта недела по Пасха, за раслабениот

Во Овчата бања, Христос со еден збор, како мудар лекар, го исцели раслабениот. Во тој ден, четврта недела по Пасха, правиме спомен на раслабениот (парализираниот) и, како што прилега, празнуваме едно чудо што го направи Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос. Овој настан е поместен овде затоа што Христос го направи за време на […]

Синаксар на Цветна недела

Словото Божјо, Кое ги покрива небесата, Седнат на бесловесно осле, доаѓа да ги ослободи луѓето од бесловесноста. Во овој ден го празнуваме славниот и пресветол празник Цветници (Врбица) од следнава причина: По воскресението на Лазара од мртвите, мнозина од оние што го видоа овој настан поверуваа во Христа, поради што Јудејскиот суд реши да го […]

Синаксар: Акатист на Пресвета Богородица

Благодарствено, со песни непрестајни, Нападнатиот од непријатели град ѝ пее на својата заштитничка. Во овој ден празнуваме неседална песна – Акатист на Пресветата Владичица наша Богородица, од овие причини: Кога Ираклиј управуваше со византиското царство, персискиот цар Хозрој, гледајќи дека моќта на Грците значително ослабела поради тиранијата на императорот Фока, испрати еден од своите велможи, […]

Недела на св. Јован Синаит, наречен Лествичник

Синаксар Свети Јован го умртвуваше телото додека беше жив, Затоа сега живее вечно, иако е мртов по тело. Во списот Рајска скала (Лествица), што ни го остави, Ни го опишува својот пат на искачување (кон небото) Јован умре во триесеттиот ден. Кога тој имаше 16 години, бидејќи беше остроумен, се принесе себе си како света […]

Синаксар во Неделата на св. Григориј Палама

Големиот и светол проповедник на Светлината, Изворот на светлината сега навистина го води кон незаодната Светлина. Овој син на божествената и незаодна светлина, навистина вистински Божји човек и чудесен слуга и служител на божествените (тајни), потекнуваше од Азија, од пресветли и славни родители кои се трудеа да го украсат своето дете со наука и добродетели, […]

Синаксар во Неделата на Страшниот суд

Кога ќе седнеш, Судијо на сите, да ја судиш сета земја, Удостој ме и мене да го слушнам овој глас: „Дојдете, благословени на мојот Отец!” Во овој ден правиме спомен на Второто и непоткупливо Христово пришествие, што божествените отци го одредија од две причини: прво, заради оние коишто знаат за Божјото човекољубие, па живеат мрзливо, […]

Синаксар во саботата месопусна

Не спомнувај ги гревовите на умрените, Слове, Твоето милостиво срце да не држи лутина. Во овој ден божествените оци озаконија да се прави помен на сите од века благочестиво упокоени луѓе, од следниве причини: прво, бидејќи има луѓе кои предвреме се упокоиле во туѓина, во мориња и непроодни гори, стрмнини и јами, во несреќи и […]

Синаксар во Неделата на блудниот син

Ако си блудник како мене, биди храбар, оди, Зашто вратата на Божјите добрини се отвори за сите. Во овој ден го празнуваме враќањето на блудниот син. Божествените отци ова го направија од следниве причини: бидејќи има некои што во себе мислат многу неумесни работи, кои живеат мошне блудно уште од рана возраст, се пијанат, прават […]

Синаксар на Лазарева сабота

Стихови: Исусе, Ти плачеш како смртен човек, Но, како Бог, Ти го воскреснуваш својот пријател. Во тој ден го празнуваме воскреснувањето на светиот и праведен пријател Христов четвородневниот Лазар. Тој беше Евреин по потекло и припаѓаше на сектата фарисеи и син, како што некаде стои, на некој фарисеј по име Симон, од селото Витанија. Додека […]

Синаксар во третата недела на Великиот Пост

Стихови: На крстот сета земја нека му се поклонува, Преку него таа научи да Ти се поклонува Тебе, Слове. Во оваа трета недела од постот, празнуваме поклонување на чесниот и животворен крст од овие причини: бидејќи за време на четириесетдневниот пост на некој начин и ние се распнуваме, умртвувани од страстите, паѓајќи во униние имаме […]

Беседа во Неделата на Православието

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух! Првата недела од Великиот Пост на јазикот на црковниот Устав се нарекува Недела на победата на Православието. Оваа недела се вбројува кон големите празници, и тоа не случајно, затоа што празникот на Неделата на Православието бил востановен во далечниот деветти век, поврзан со еден настан од […]

Синаксар во првата недела на Великиот Пост

Иконите беа непристојно исфрлани; Се радувам гледајќи го (враќањето на) нивното пристојно почитување. Во овој ден, Прва недела од светиот Пост – Недела на Православието, или издигнувањето на светите и чесни икони, Црквата Христова го прими празнувањето на она што се случи за време владеењето на Михаил и блажената царица света Теодора, и светиот патријарх […]

Синаксар во првата сабота на Великиот Пост

Свети Теодор го храни градот со коливо, Правејќи ја осквернетата храна неупотреблива. Во овој ден, прва сабота од постот, го празнуваме преславното чудо со коливото на светиот и славен великомаченик Теодор Тирон, кое има ваков почеток: За време на владеењето на Јулијан Отстапник (по Констанциј – синот на големиот цар Константин), кој отпадна од Христа […]