Кој ќе Го предаде?

И кога јадеа, им рече: „Вистина ви велам,еден од вас ќе Ме предаде.“ Тие многу се нажалија и секој од нив почна да Го прашува: „Да не сум јас, Господи?“ А, Он им одговори и рече: „Оној што ќе макне со Мене во чинијата, тој ќе Ме предаде. Синот, пак, Човечки, вистина си оди, како […]

За доаѓањето на Синот Човечки

Тогаш ако ви каже некој: „Еве овде е Христос“, или „таму е“, не верувајте! Оти ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат големи знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, избраните. Ете однапред ви кажав. И така, ако ви речат: „Ете во пустината е Он“ – не излегувајте. […]

Последна можност

Оти тогаш ќе биде мака, каква што не била од почетокот на светот па досега, а и нема да биде. И, ако не се скратат оние дни, никој не би се спасил, но заради избраните ќе се скратат тие дни. Матеј 24, 21-22 Онаа апокалипса од крајот на Откровението веројатно е на почетокот од своето […]

Трпение до крај

А кој претрпи до крај, тој ќе биде спасен. Матеј 24,13 За жал, убавината на зборот трпение не пронашла разбирање и гнездо во светските толкувања сè повеќе склони кон меч. Со понижување и иронична сомилост се погледнати трпеливите и не им е дадена шанса блеењето пред колачите да го трансформираат во зборови. И кој всушност […]

Варосани гробови

Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти многу личите на варосани гробови, што однадвор изгледаат убаво, а внатре се полни со мртовечки коски и секаква нечистотија, така и вие, однадвор им се покажувате на луѓето како праведни, а внатре сте полни со лицемерност и беззаконие. Матеј 23, 27-28 Праведничкото однесување овде на земјата и покрај […]

Две заповеди

“Учителе, која заповед е најголема во Законот?“ А Исус му одговори: „Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум, тоа е прва и најголема заповед, а втората е слична на неа: Возљуби го својот ближен како себе си! На тие две заповеди се крепат […]

Како ангели на небесата

Исус им одговори: ‘Се лажете, оти не ги познавате Писмата, ниту силата Божја, зошто при воскресението луѓето ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат, а ќе живеат како ангели Божји на небесата.’ Матеј 22, 29-30 Како ќе продолжи животот на небесата, кој кому ќе припаѓа, како ќе се подели радоста… една од најстрашните теми […]

Избор од мнозината

[pull_quote_left]Зошто, мнозина се повикани, а малцина избрани.[/pull_quote_left] Матеј 22, 14   Чекаме ред пред шалтерите за плаќање сметки, пред бироата кои нудат непостоечки работни места, на гробиштата да си го пронајдеме привременото легло, пред медиумите да слушнеме кој се самоубил и зошто, на креветот да ја задоволиме похотливата страст, на трпезите да му угодиме на […]

Каменот во аголот

А Исус им рече: „Зар не сте читале во Книгите: Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана глава на аголот: Тоа е од Господа и чудесно е во очите наши. Затоа ви велам дека царството Божјо ќе се земе од вас и ќе се даде на народ, што ги принесува неговите плодови. И кој падне врз […]

Вистинска вера

А Исус им одговори и рече: „Вистина ви велам: ако имате вера и не се посомните, не само тоа што стана со смоквата ќе извршите, туку, ако и на оваа планина ѝ речете: ‘Дигни се и фрли се в море!’ ќе биде и сѐ што и да побарате во молитва со вера, ќе добиете.“ Матеј […]

Кутрата смоква

А утредента, враќајќи се во градот, огладне, и виде покрај патот смоква, отиде до неа, па како не најде на неа ништо освен лисја, рече: Отсега да нема плод на тебе довека! И смоквата веднаш се исуши. Матеј 21, 18-19 Ако цел еден свој живот, без оглед на бројот на деновите поминати во труд и […]

Да се послужи за првенство

Меѓу вас, пак, нека не биде така, а кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга, и кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви биде слуга, како што и Синот Човечки не дојде да Му служат, туку дојде да послужи и да ја даде душата Своја за откуп на мнозина. […]

Влезот за богатите

А Исус им рече на учениците Свои: „Вистина ви велам, богат мачно ќе влезе во царството небесно, и уште ви велам: полесно и е на камилата да мине низ иглени уши, отколку на богатиот да влезе во царството Божјо.” Матеј 19, 23-24 Парите се отепувачка. Парите се топлинка во староста. Доволно е да имаме здравје, […]

Маж и жена

Он им одговори и рече: Не сте ли читале дека Оној што ги создаде во почетокот, маж и жена ги создаде и рече: Затоа ќе остави човек татко и мајка и ќе се прилепи до жената своја и ќе бидат обата едно тело. Па така, тие веќе не се двајца, а едно тело. А Бог […]

Колку да се прости?

Тогаш Петар пристапи кон Него и рече: „Господи колку пати да му простам на брата си, кога ќе згреши против мене? До седумпати ли?“ Исус му одговори: „Не ти велам до седум, туку до седумдесетпати по седум”. Матеј 18, 21-22 За да се зборува за простувањето, исклучително е да се допрат најсензитивните делови од душата, […]