Преподобен Јоаникиј Ракотински

Тропар, гл. 3 Живот богољубив мина, преподобен Јоаникие, којшто си овенчан од Исуса Владиката, Подвигоположникот. Така, твориш чудеса преку моштите свои за сите што доаѓаат и верно ти се молат. Затоа, прими благодарен глас: Радувај се, рамен со древните светии. Кондак, гл. 4 Последувајќи Го Господа од дете, и посакувајќи ја монашката схима, отче Јоаникие, […]

Впишување на св. Гаврил Светогорец, еп. Велички во диптихот на Светиите

Објава на одлуката на Свештениот Синод на МПЦ-ОА, прочитана од Преосветениот Епископ Хераклејски, г. Климент. За ден на празнување на неговиот спомен е одреден денот на неговото упокојување, 12 јануари и денот на неговата канонизација, 28 мај. Извор: Фејсбук профил на Виктор Гонев Осветување на иконата на светиот. Извор: Фејсбук профил на Виктор Гонев Моштите […]

Свети Кипријан Слепченски

Синаксар Во 17от/30от ден од месецот Април спомен празнуваме на светиот свештеномаченик Кипријан, игумен на славната Слепченска обител на чесниот Претеча, кој пострада во оган од нечестивите Агарјани во 1780 г. Во времето кога заради гревовите човечки, Бог допушти Исмаилќаните да завладеат со Балканските земји, една група од нивни арамии ја нападна славната Слепченска обител […]

Свети Ѓорѓи Кратовски

Тропар на св. Ѓорѓи Кратовски, гл. 2 Од рана возраст со света желба на Господа си Му се предал, со сета душа Христа Единиот си Го засакал и Него, Кој е вистинскиот Бог во Троица почитуван, пред нечестивите Турци си Го проповедал. Со венец маченички си се украсил, славен, и кон небеските жители си се […]

Заштитник – филм за св. Нектариј Битолски

Прв документарен филм за животот и делото на Свети Нектариј Битолски, кој раскажува за местото каде што тој се родил, Скитот во кој што се подвизувал, и возобновувањето на неговиот култ во Битола. Повторно си меѓу нас, Нектарие, денес, на твојот празник. Никогаш не оставај нè и не отстапувај од нас, туку секогаш биди тука […]

Свети Прохор Пчински

Свети Прохор Пчински е роден во Македонија, во областа Овче Поле, од благочестиви родители Иван и Марија. Тие благородни, богобојазливи луѓе имаа и голем имот но секогаш го поставуваа Божјото пред световното, духовното пред материјалното и даваа и им помагаа многу на сиромашните, но беа бездетни. За тој свој недостаток тие непрестано се молеа на […]

Кратко житие на свети Константин Кавасила

Светиот Константин Кавасила се родил и живеел во една бурна епоха на постојани војни и борби за превласт помеѓу христијанските владетели на распарчената Источна империја. За неговиот живот и дело до нас е стигнат мал број податоци. Се родил во Драч, во познатото семејство Кавасила. Како припадник на благороднички род, свети Константин уште од младоста […]

Писмо шесто: Мариово

Словачка… За Словачка можеме да зборуваме многу, или доволно. Исто така и за Мариово. Можеби уште повеќе отколку за Словачка. Но, што е многу значајно? Што е сличноста и она што ги поврзува Словачка и Мариово? Ништо. Можеби нешто, некаде, некој ќе пронајде нишка на поврзување, но сепак јас мислам – ништо. Тогаш, во што […]

Собор на сите македонски светители

Со божествена проповед го просветивте народот македонски, и со лачите на евангелската вистина ја украсивте вселената, светители сефални. Славејќи Го Христа Господа, Кого Го засакавте од својата младост како божји угодници станавте жители на небесата, столбови и заштитници на Македонската Црква. Усрдно го празнуваме вашиот спомен и ви се молиме: Бидете застапници пред Христа, нашиот […]

Православна Македонија: Свети Ахил Лариски

Остров Свети Ахил, Мало Преспанско Езеро Во денешниот Пролог читаме: Свети Ахил, епископ Лариски. Овој голем јерарх и чудотворец беше роден во Кападокија. Учествуваше на Првиот вселенски собор, на којшто ги посрами еретиците како со својата ученост така и со светоста, предизвикувајќи голем восхит. Зеде Свети Ахил еден камен и им викна на аријанците: „Ако […]

Житие на Битолските преподобномаченици

Во времето кога Османлиите тргнале да го завладеат Балканскиот Полуостров, градот Битола (нарекуван уште и Манастир поради бројноста на црквите, манастирите и скитовите) бил голем и добро утврден град. Животот во него прилегал на Црква Божја, а најголема скапоценост, пак, било бројното монаштво, сместено низ многуте манастири и скитови, внатре и надвор во неговата околина. […]

Житие на Пречистанските преподобномаченици

Среде природните убавини во подножјето на планината Цоцан, на местото наречено Врвој, Пресветата Владичица наша Богородица благоволила да си издигне прекрасен дом – манастирот „Пречиста ‒ Кичевска“, посветен на светото Благовештение. Оваа света обител, со братство од 15 црнорисци, кон средината на XVI век била извор на жива вода што го напојувалa верниот православен народ […]