Педесетница во Ерусалим

Видео запис од празнувањето на Светата Педесетница во 2012 година во Ерусалим. Исечоци од Архиерејската Литургија и вечерната богослужба со коленопреклони молитви.

Очекувај искушенија

По Крштението, откако врз Него се симнал Духот во вид на гулаб, Господ бил одведен во пустина за да биде искушуван. Тоа е заедничкиот пат за сите нас. Свети Исак Сирин на едно место забележува: „Штом вкусиш благодатна утеха или од Господа добиеш некаков дар – очекувај искушенија.“ Искушенијата ја прикриваат светлоста на благодатта од […]

Цару небесен

Цару Небесен, Утешителу, Духу на вистината, Кој си насекаде и сè исполнуваш, Ризницо на добрините и на живот Подателу, дојди и всели се во нас, очисти нè од секаква скверност и спаси ги, Благи, душите наши.

Паримии на Педесетницата

И му рече Господ на Мојсеја: „Собери ми седумдесет мажи од старците меѓу старешините Израилеви, за кои знаеш дека се негови старешини и надзиратели, па доведи ги кај скинијата на сведоштовото, за да застанат таму заедно со тебе. Јас ќе слезам и ќе зборувам таму со тебе, ќе земам од Духот, Кој е во тебе, […]

Не биди мрзелив и моли се за починатите

Браќа, не сакам да не знаете за умрените, за да не жалите како и другите, што немаат надеж. Оти, ако веруваме дека Исус умре и воскресна, тоа и упокоените во Исуса Бог ќе ги приведе со Него. Ова, пак, ви го велиме преку словото Господово, дека ние, живите, што ќе останеме до доаѓањето на Господа, […]

Значењето на духовденската задушница

На духовденската задушница си спомнуваме за сите побожни православни христијани кои се упокоиле во Господа, и си припомнуваме за страшниот Ден на судот. Нека Христос, нашиот Бог, биде милостив кон нив, и кон нас. На Литургијата во саботата пред Педесетница (Духовден) се читаат две апостолски (Дела 28,1-31 и 1Сол. 4,13-17) и две евангелски четива (Јн […]

Педесетница – времето по Пасха

Постојат две Педесетници: првата e Педесетница како педесетти ден по Пасха, односно Духовден; и втората е Педесетница како време од 50 дена по Пасха. Некои специфични одлики за Педесетницата како време се: 1. Во овој педесетдневен период не сe коленичи, ниту се прават земни поклони. 2. Во минатото во овој период воошто не се постело, […]

Светиот Дух не слегува механички

Словото кое е дело единствено на разумот не ја менува душата, оти е телесно. Словото Божјо, кое е родено од Духот Свет, има божествени енергии и ја менува душата. Светиот Дух не слегува на некаков механички начин – поради тоа богословието нема врска со некаков чисто научен дух. Духот Свет Самиот слегува кога во човекот […]

Денот на слегувањето на Светиот Дух

Вчера Православната Црква го совршуваше празнувањето на торжествениот празник на Сесвета Троица, додека денес го празнува вториот дел од овој празник; денес Црквата Го прославува Сесветиот Божествен Дух, Кој слегна врз апостолите и ги исполни со духовни моќи. Во Шестопсалмието се молиме со овие зборови: „Ги протегнав кон Тебе рацете мои, душата моја е жедна […]

За јудоимените

Нека ни е честит и благословен сесветиот празник на пресвета Троица, празник на наитието на Светиот Дух врз светите апостоли и роденден на едната, света, соборна и апостолска Црква Христова. На денешен ден се роди Црквата Божја. Христос, во денот на Вознесението, ги утеши Своите ученици со ветувањето дека ќе им Го испрати сесветиот и […]

Света Педесетница

Пред да се вознесе на Небесата, Христос им даде заповед на Своите ученици да се вратат по Неговото вознесение во Ерусалим и да останат даму додека не се облечат со сила од Небото. Така, значи, им го даде ветувањето дека ќе Го примат Светиот Дух, за Кого зборуваше за време на Својот живот. Ова Христово […]