Јаировата ќерка

Денешното благовестие нè соочува со една чудесна евангелска глетка, која е сместлива во рамките на времето и просторот на планетава Земја и сообразна со секоја човечка генерација. Управникот на синагогата Јаир паднал пред нозете Исусови и Го молел да отиде во домот негов. Неговата единствена дванаесетгодишна ќерка била тешко болна и умирала. Христос Бог, нашиот […]

Човекот и светот

Живееме во еден чудесен свет, чија совршеност отсекогаш го збунувала умот на човекот. Неговото совршено функционирање ги збунува умовите на великаните на науката. Космосот е тајна запечатена со седум печати. Со напорот на сите човечки генерации се одгатнува загатката на светот, но на луѓето не им поаѓа од рака да го допрат дното на мистеријата. […]

Светот на предметите

Денешното Свето Евангелие, како и секое слово Божје, е натопено со вечни и бесмртни содржини. Денес Христос на своите ученици и на народот собран околу него им ја раскажа чудесната парабола за богатиот човек и нивата што беше родила многу. Во евангелската простота на параболата се кријат несогледливо длабоки содржини и пораки упатени до сите […]

За демонократијата

Минатата седмица Го почувствувавме во сета силина богочовекот Христос како господар на животот и светот, како дарител на животот и како лекар над лекарите на сите наши телесни, душевни и духовни недуги (немоќи, болести). Денеска, Светото Евангелие отвора уште една, нова димензија во гледањето на богочовечката личност Христова. Денес Христос се потврди не само како […]

Жителот на Едем

Свети Јован, великиот воспитувач на срцето човечко, златоусто го преточувал својот живот во жив збор. Тој имал и сè уште има духовна моќ да продира длабоко во суштината на битието на човекот и неговата личност и светодуховно да ги преобразува. Во една своја беседа, со векови пред современите европски социолози, рекол: „Нека е проклет човекот […]

Евангелски максимализам

Денешното Свето Евангелие нè соочува со чудесниот дијалог меѓу еден млад човек и великиот, вистински учител на сите, животодавецот наш, богочовекот Христос. Момчето, очигледно – убаво воспитано и богоцентрично насочено, му пристапи на Христос со зборовите: „Учителе благи, какво добро треба да направам за да имам живот вечен?“. Христос беше восхитен од мудроста на момчето. […]

Силата на благословот

Човештвото е заедница на личности и етноси. Тие се повикани да станат еден, голем и свет народ на живиот Бог. Народот Божји ги фокусира: секоја личност посебно, секое семејство посебно и секој етнос посебно. Чувајќи им го идентитетот, соборно ги воипостасува (оличноснува). Во историскиот ôд на старозаветниот и новозаветниот избран народ Божји, честопати се случувале […]

За зависта

По нашите божикни беседи, ја развиваме евангелската тема содржана во светото Евангелие читано денес. Спомнавме дека во времето кога светата фамилија со богомладенецот престојуваше во Египет, Ирод, царот јудејски, заповеда да се стават под нож сите дечиња од две години надолу. Се надеваше дека во тој масовен и брутален колеж на невини детски животи ќе […]

Жената Хананејка и Достоевски

Денешното Свето Евангелие нè соочува со еден аксијален момент на духовното живеење. Главниот лик, јунакот на денешното Свето Евангелие, жената хананејка, имајќи бесомачна ќерка, застана пред Христа и го молеше да ѝ помогне. Христос, пак, како да не ѝ обрнуваше внимание. Се чинеше дека сака да се ослободи од неа. Но, таа го игнорираше тоа […]

Светот на сумошедшите

Денешново Свето Евангелие е моќна проповед и сведочење за тоа дека домаќин и господар на светот е творецот на светов, воплотеното Слово Божје, богочовекот Христос. Бидејќи е господар на светот и векот, на луѓето и на сите созданија, тој има моќ и власт да им заповеда на демоните, тие соблазниви битија на небитието, чија сила […]

Светот на идолопоклонството

Денешното Свето Евангелие е вистински чудесно. Тоа задира во корпусот на социјалните прашања и проблеми. На прашањето за вработувањето и за односот на работникот кон самонаречените господари на светов, кон храната и облеката, човекот на овој свет одговара идолопоклонички. Од човекот на овој свет се изнудува пагански однос спрема возглавителите на техничката цивилизација, банките и […]

За јудоимените

Нека ни е честит и благословен сесветиот празник на пресвета Троица, празник на наитието на Светиот Дух врз светите апостоли и роденден на едната, света, соборна и апостолска Црква Христова. На денешен ден се роди Црквата Божја. Христос, во денот на Вознесението, ги утеши Своите ученици со ветувањето дека ќе им Го испрати сесветиот и […]