Во Градот на мирот

Радувај се и веселеи се граду Сионе, ликувај и радувај се Цркво божја: ете, Царот твој доаѓа во правда, седнат на осле, од младенците воспеван: Осана на висините, благословен си, Кој имаш безмерна милост, смилувај се на нас! (Јн. 12, 1-18) Празникот на Влегувањето на нашиот Господ и Спасител во Ерусалим е настан кој изобилува […]

Во водата на Силоам

Од аголниот камен на чудата Христови секогаш се прекршувала човечката вера и човечкото неверие. Уште од чудото на Неговото зачнување, па сé до чудото на Неговото вознесение. Отсекогаш, па и денес. Спасителот, во своето бескрајно смирение, се утешуваше: “Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, оти си го сокрил ова од мудрите и […]

Велики Вторник: Во очекување на Женихот

Tогаш царството небесно ќе заприлега на десет девојки, кои ги зедоа своите светилници и излегоа да го пречекаат младоженецот. Петте од нив беа мудри, а петте – неразумни. Неразумните, како ги зедоа светилниците свои, не понесоа со себе елеј; а мудрите, заедно со светилниците, зедоа во садовите свои и елеј; и бидејќи младоженецот се забави, […]

Кој е мојот ближен?

(Лк. 10, 25-37) Соборноста како суштинска нишка на нашата вера постојано го исправа пред нас прашањето: како се однесуваме кон нашите блиски, оние чиј живот е неразделно врзан со нашиот? Во таа релација се огледа и автентичноста на нашата лична побожност. Старецот Силуан вели: мојот брат е мојот живот. Моето спасение. Во параболата за милостивиот […]

Светоста на светот

за човекот, светскиот дух и злото Постмодерниот омјаз на секуларизмот од крајот на вториот милениум со таков апсолутизам се промовира како Spiritus Mundi, што остава впечаток дека древниот ѕвер – дуализмот е веќе мртов и светот полека влегува во новиот еон со еден ум и една дипотрија. Идејата за лажното единство се мултиплицира на сите […]

Лазар и богатиот

Лк. 16, 19-31 Единственото нешто што јасно и експлицитно Господ ни го кажа за идниот живот, за Царството Небесно, е содржано во реченицата: Рајот и пеколот се внатре во вас. И тоа е сосема доволно, се разбира. Сé друго, сите други откровенија, сите други сознанија коишто ги имаме за тој задгробен, т.е. оностран живот всушност […]

Цела ноќ се трудевме и ништо не уловивме!

Во Господовата молитва, молитвата што самиот Спасител ни ја остави, се молиме на нашиот Отец небесен: да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата. Еве, и Симон Петар, којшто за прв пат го сретна Спасителот и тој му се обрати со истите зборови: Цела ноќ се трудевме и ништо не уловивме, ама […]

За талантите

Во еден од своите романи Достоевски пишува: “Убавината ќе го спаси светот”. Има ли вистина во ваквото тврдење кое, во најмала рака, делува како парафраза на некое древно пророштво? Убавината ќе го спаси светот! Но, ако само погледнеме на светот околу себе, во времево кое го живееме, мислата на прочуениот руски писател ни делува како […]

За домот на духовната убавина

Втемелен на мистичната теологија на старозаветните праведници и подвижници, која, восредоточена во личноста и животот на светиот Пророк, Претеча и Крстител Господен Јован ја наследија апостолите, апостолските мажи и нивните ученици и преемници, – монашкиот етос егзистира во помалку или повеќе артикулиран облик во текот на целата човечка историја. Природниот морален закон кој дејствува во […]

Природните стихии и послушанието

(Мт. 14, 22-34) Господ ги испрати учениците во кораб преку морето, а потоа, во четвртата сража од ноќта, откако се помоли на планината, дојде при нив одејќи по површината на разбранетата вода. За човечкиот разум ова е едно од највпечатливите чуда што Спасителот ги направи пред очите на апостолите. Низ целата човечка историја, како црвена […]

Поклоници на апокалипсите

Апокалипсис во буквална смисла значи откровение. Според својата изворна евангелска специфика, пак, ја изразува објавата на божествениот домострој за исполнување на времето. Овој поим во себе уште го имплицира и постоењето на темпорална меѓа, подеднакво историски и надисториски “миг”, во кој (или од кој) време нема да има повеќе (Откр. 10,6) и историјата, таква каква […]

Стравот на Гергесинците

(Мт. 8, 28-34; Мк 5, 1-17; Лк. 8, 26-39) Чудото на исцелувањето на бесните од гергесинскиот крај, возљубени браќа и сестри, нé соочува со прашањето за стравот и љубовта кон Бога. Дали овие две нешта сосема се исклучуваат, како во желбата на Гергесинците на крајот од евангелското четиво, или на некое ниво стравот и љубовта […]

Лична литургиска анафора

за смислата на ктиторството Црковните имоти во контекст на денационализацијата, нивното враќање, докажувањето на сопственоста, модусите на компензација, нивното вреднување, кој кому треба да направи услуга со тоа, чии права се испочитувани итн., на различни начини ги провоцираат општествените структури, па и најшироката јавност. Мислењата не само што се подвоени, туку и мошне различни. Техничката […]

Хомосексуален брак – форма или оксиморон?

Некој ќе рече, само уште една варијација на брачниот ритуал која до сега не беше позната или присутна. Мотивите и контекстот веројатно се исти. Но, дали со ваква констатација можеме да го затвориме случајот? Сигурно не. Всушност, постојат две нивоа на кои овој проблем може да се согледа и анализира. Прво, на ниво на граѓански […]

Постот како начин на живот, дел втор

Постот е украс на девственоста и светоста, светлост на целомудрието. За ова ни сведочат светите подвижници и постници низ целата историја на Црквата. Оние кои оставајќи го зад себе метежот на овој свет, итаа кон синајските височини на средбата со Бога во примракот на Неговата трисолнечна слава. Затоа, избегнувајќи ги стапиците на гордоумието ќе замолчиме […]