Што се јаде по причестувањето?

Постои мислење дека на денот на причестувањето не смее да се јаде месо. Таквото мислење потекнува од неправилното сфаќање на духовната смисла на постот. Постот пред причест е востановен како подвиг на воздржание, за да стекнеме благоговејна атмосфера за примање на големите тајни. По причестувањето, ако нема пост, може да се јаде сè. Црковните правила […]

Што значи возгласот „Повелите“ што некогаш се кажува на Литургија?

Грчкиот збор „келевсон“ во богослужбените текстови преведено е на словенски јазик како „повелите“. Зборот се употребува на архиерејска Литургија при ракополање на презвитер или ѓакон, но и на Литургија на Претходноосветените Дарови пред зборовите „Светлината Христова ги просветува сите“. Според професорот-литургичар Михаил Скабаланович, со овој возглас церемонијал-мајсторите ги повикувале чиновниците на царски приеми да влезат […]

Која е разликата помеѓу кондак и икос?

Зборот кондак (грчки kondakion) првенствено означувал свиток од пергамент со записи на црковни песни. Потоа тој означувал кратка црковна песна, која во себе содржи хвала за Господа Бога, за Мајката Божја или за светител. Понекогаш кондакот ја искажува главната содржина на црковниот празник. Името на кондакот е поврзано со една случка од животот на свети […]

Што означуваат запалените свеќи на входот?

Двајцата свеќоносци се дел од сите три входа (на Вечерна, на мал и на голем – на Литургија), кои, пак, го означуваат доаѓањето на Спасителот. На Вечерната, свештеникот го изобразува Исуса Христа. Входот го символизира Неговото воплотување, а царските двери – Пресвета Дева, за што пророчки предвестил Господ преку пророк: „оваа врата ќе биде затворена, […]

Од каде доаѓа зборот пост?

Зборот пост е сесловенски: на црковнословенски – „постъ“; на руски, македонски, бугарски и српско-хрватски – пост; на словенечки, словачки, полски – post; на чешки – pust. Според мислењата на истражувачите (Макс Фасмер и др.), зборот потекнува од моравско-панонските словени т.е од древно-германски јазик, во кој зборот fastо значи пост. Преку нив, овој збор почнал да […]

Зошто на некои фрески ангелите се претставуваат со ѓаконска облека?

Свештеномаченикот Дионисиј Ареопагит вели дека црковната јерархија е одраз на небесната. Ѓаконот (од грчки diakonos – слуга) е трет свештенички чин во Црквата. Ѓаконот не извршува таинства, туку само сослужува со епископ, или свештеник. Поради што ангелите се слуговни духови, во иконграфијата се родила традиција да се претсавуваат ангелите во ѓаконски стихари. Ѓаконите за време […]

Дали Крстот е символ на смртта?

Ние крстот го нарекуваме Живоносен, бидејќи на крстот, Спасителот на светот ја уништи силата на смртта и ни го отрки патот кон вечен и блажен живот. „Крстот“ е символ на Божјиот дар, знак на духовно благородство, сокровиште – кое не може да се открадне, дар – кој не може да се земе, подлога за светост. […]

Од какво дрво бил направен крстот на кој бил распнат Господ Исус Христос?

Според црковното Предание, крстот на Спасителот бил триделен. Се состоел од три видови на дрво: кипарис (зимзелено дрво, што расте во јужните топли краишта), кедар (вид на иглолисно дрво) и певг (видна бор). Постои и праобраз (еден вид пророштво) за ова, во книгата на пророк Исаиј:  „Славата на Ливан ќе дојде при тебе со кипарис, […]

Совет за една поранешна окултистка

М. заедно со нејзините најблиски другарки, определено време се занимавала со окултизам, и како резултат на тоа била демоноопседната. Потоа се покрстила во Православната Црква, над неа бил извршен егзорцизам, по што се почувствувала многу подобро. Сепак, нејзините пријатели продолжиле со практикување на окултизмот. Драга М! Поминувајќи низ трагичното искуство на амбисот, треба постојано да […]