Животворно попрскување

Водата е основа на човечкиот живот. Таа се користи секојдневно. Иако за нас единствена вода, од која црпиме вечен живот е Живата Вода – Христос, сепак, Црквата ја осветува и стихијната вода за да му служи на човека, да му ја згасува жедта, да го мие, но и да го развесели и оживи – како […]

Салата со догмати

Еден ден двајца духовни браќа (отец Серафим Алексиев и отец Климент Рилец), потонале во богословски разговор на манастирскиот чардак. Кон нив се приближил дедо Евлогиј Рилски и за духовно да ги „ободри“, им дал исечени домати, велеќи им: – Ви донесов да си каснете малку догматки!

Духовитоста на духовните

Едно време во египетската пустина настапила голема пустинска криза. Тогаш искусните учители знаеле дека треба да ја зголемат дозата на духовитост. Некој млад монах се посоветувал со духовникот: „Оче, еве една година сум во пустинава и за тоа време шест, или седум пати нè нападнаа скакулци. Тоа е вистинска мака, ги има насекаде, дури и […]

Старецот и урмите

Една жена го довела своето мало синче кај некој познат старец. – Некој му направил магија на моето дете, – рекла мајката. Секој ден, од утро до вечер јаде само урми. Старче, ова не е нормално – само урми, и ништо друго. Те молам, помагај! Старецот го погледнал детето и ѝ рекол: „Добра жено, врати […]

Хумор наместо антидепресиви

Адам не го изел јаболкото заради самото јаболко, туку затоа што му било забрането. Да му била забранета змијата, изгледа дeка и неа би ја изел. Колку само среќен бил Адам! Што и да кажел, можел да рече дека сè уште никој се нема сетено на тоа. Адам и Ева уживле во многу нешта, а најмногу во […]