Грчките медиуми јавуваат за чудо што му се случило на Македонец на Света Гора

Според страницата „Aγιορειτικες μνημες“ („Светогорски сеќавања“), чудото се случило на почетокот од овој месец во свештениот манастир Дохијар на Света Гора. Чудото го објавил еден монах кој присуствувал на настанот, а за него говорел и на едно предавање во Солун. Имено, во манастирот Дохијар се наоѓа чудотворната икона на Мајката Божја наречена Горгоепикоос (Скоропослушница). Секој […]

Чудото на Пресвета Богородица во Втората светска војна

На 8 септември 1943 година, на денот кога според новиот календар се празнува празникот Рождество на Пресвета Богородица (познат и како Мала Богородица), италијанската армија капитулирала и на почетокот одбивала да го предаде оружјето на нивните германски сојузници. Во Орхомен, Грција, регионалната организација на Народноослободителниот фронт на Грција планирала да ја искористи шансата и да […]

Грција ги одобри истополовите граѓански заедници

Доцна синоќа во вторникот, 22 декември 2015г., грчкиот законодавен дом одобри закон со кој им се овозможува правото на истополовите двојки да склопат граѓанско партнерство, пренесоа грчките медиуми. Со овој чекор, гласно осуден од Грчката Црква, Грција стана една многуте европски земји во која законски е овозможена и регулирана истополовата заедница. За законот преку кој […]

Се упокои отец Евстратиј Диму, апостолот на бегалците

Православниот свештеник кој беше пример за помош на бегалците (т.н. „мигранти“) од блискоисточниот регион, на грчкиот остров Лезбос основаше невладина организација за помош на бегалците кои го преминуваат Средоземното Море, се упокои на почетокот од месецов, јавуваат грчките новински агенции. Според весникот „Синтактон“ папа Диму (како што вообичаено го нарекувале неговите блиски) се упокоил во […]

Информативен пресек: Грузија, Романија, Грција…

Пренос на неколку наслови од светските црковни новински агенции Седмица.ру Католикосот – Патријарх на цела Грузија г.г. Илија II успешно го завршил лекувањето во Германија, каде што се наоѓал од 14 јули поради неопходна интервенција што уследила по неговиот коронографски преглед. Денес, 29 јули 2015 г. се очекува Патријархот да се врати во Тбилиси, каде […]

Заштитникот на затворениците, живиот светител, архимандритот Гервасиј

Според грчкото законодавство, затворениците кои нивната казна ја отслужуваат за помали кривични дела можат да си ја „купат“ слободата плаќајќи по пет евра за секој купен ден. На пример, некој ситен крадец кој е осуден на казна 15 дена затвор, со уплата од 75 евра може да излезе на слобода. Меѓутоа, по логичниот след на […]

Грчката Црква предупредува за „Цунами од сиромаштија“

Грција ќе се соочи со очајна ситуација оваа есен, со новиот бран сиромаштија поттикнат од нејзината оштетена економија, предупреди гласноговорникот на Грчката Православна Црква во Атина. Говорејќи со економскиот известувач на Скај ТВ во специјалната програма посветена на грчката финанскиска криза, Костас Димицас зборуваше и за дополнителниот притисок со кој се соочува Црквата, помагајќи ги […]