Тело, душа, дух

Човекот е од тело, душа и дух. Што е телото – тоа знаеме. Но каква е разликата меѓу душата и духот?

Да ја земеме за пример свеќата. Таа има тело – восок. Има фитил, тоа наликува на душата. Кога тој фитил ќе се запали со оган, свеќата како да добива дух, како да оживува. Ако свеќата само стои, таа нема никаква вредност. Но ако таа се запали, тогаш од неа доаѓаат светлина и топлина. Таа гори пред Бога.

Човекот исто така се состои од тело, душа и дух. Господ – тоа е Духот Кој очистува. Во секој дел на човекот се наоѓа Божествен дел. Тој се добива со Крштението, со Миропомазанието, со благодатта на Светиот Дух. Човекот може овој дар да го развива со молитва, со љубов кон Бога и ближните, преку добри дела, а може и да го отфрли, да заборави на него – да не оди во црква, да не Му се моли на Бога. Тогаш тој е подобен на незапалената свеќа. Таквиот човек е духовен мртовец. Човекот е жив со душата и духот кога во него живее молитвата, кога живее Божјата благодат. Светиот Дух му дава живот. Тој е во делата, во добрите дела. Тој живее со полна пареа, Му служи на Бога и живее во Неговата слава, трудејќи се да премине во тој свет. Тоа е назначението на човекот. Бог го создал човекот од земен прав и му вдахнал во лицето животен дух. Душа, дух – дишење Божјо. Ние треба да Му се уподобиме на Бога со нашиот живот; треба да бидеме образот и подобието Негово. Бог, бидејќи добар и свет, го чека истото од нас: светост и добрина.

Така, негувајте Го во себе со сите сили образот Божји и ќе бидете вистински синови Божји.

Архимандрит Амвросиј Јурасов

Оставете коментар

1 Comment on "Тело, душа, дух"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

Колку прекрасен текст! Побудува многу емоции.

wpDiscuz