Талмудот преведен на современ еврејски јазик

Рабинот Адин Стеинсалц, после цели 45 години, во ноември оваа година го заврши своето монументално дело – превод на Талмудот на современ еврејски јазик. Современиот превод рабинот Стеинсалц го започнал во шеесетите години на минатиот век, без да очекува дека ќе му бидат потребни дури 45 години да го заврши. Покрај преводот, рабинот понудил и толкувања и коментари за древните саги на јудејскиот народ.

Кога започнав, не очекував дека ќе биде толку тешко, и дека ќе ми треба толку долго време, изјави сега веќе 73-годишниот рабин, туку дека ќе ми треба најмногу половина од ова време.

Како главни препреки со кои се соочил ги наведува својата младешка дрскост и несмиреност, но и финансиските и политички искушенија со кои се соочил.

Со скромна завршна церемонија, на 7 ноември оваа година го прослави своето достигнување, поврзувајќи се преку видео-конференциска врска со 360 еврејски заедници во 48 земји. Видео-поздрав на церемонијата упати и израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху, кој бил и лично поучуван од рабинот.

Талмудот е напишан на еврејски и арамејски јазик, и е своевидна компилација и анализа на усното и пишано еврејско предание и етика на живеење. На самиот акт на изучување на Талмудот, во јудејската религија се гледа како на „столб на вистината“ и „’рбет“ во животот на Евреите.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz