Свети поети

Црковните поети ги нарекуваме химнографи, или во превод – песнописци/песнотврци. Меѓу нив, најзначајни се:

Свети Роман Слаткопевец. Познат е по тоа што немал слух и не знаел да пее, а потоа Бог му дал дар за пеење. Тој напишал мноштво кондаци.

Свети Андреј Критски. Тој е првиот творец на канони. Тој го напишал познатиот канон што се чита во првата недела од Великиот Пост.

Свети Јован Даманскин и свети Козма Мајумски. Ги ставаме заедно, затоа што биле браќа (св. Козма од мал останал без родители, а родителите на св. Јован го посвоиле). Напишале канони за најголемите празници: Божик, Богојавление, Цветници, Воскресение итн.

Други химнографи кои ни се познати по нивните песни се: свети цар Јустинијан кој го напишал „Јединородниј Сине и Слове Божиј“, свети Фотиј Цариградски, кој го напишал чинот на мал водосвет, свети Симеон Метафраст, кој напишал неколку молитви пред причест…

Милош Дрпа

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz