Житие во слики: Свети Николај Јапонски

Иван Касаткин се родил во 1836 година, како син на еден селски ѓакон од Смоленската провинција. За да дојде до Смоленската богословија, малиот Иван требал да пеш да изоди повеќе од 150 врсти (160 километри). Но сепак, тој се здобил со богословско образование во богословијата. И не само таму, ами тој пошол и во Петербуршката духовна академија, кадешто една година пред дипломирањето, примил монашки потстриг со името Николај. По завршувањето на академијата, тој бил ракоположен во свештенички чин, и како 25-годишен јеромонах (во 1861 година) бил испратен да служи во руското конзулство во Хакодате на јапонскиот остров Хокаидо.

Свети Николај Јапонски

Во тоа време во Јапонија било најстрого забрането ширењето на христијанството, а сите што биле фаќани дека го прават тоа биле убивани. Младиот јеромонах Николај поминал осум години во изучување на јапонскиот јазик, историја, литература, култура и обичаи.

Свети Николај Јапонски

Првиот Јапонец кој се покрстил во Православие – Такума Савабе – на почетокот сакал да го убие светиот Николај. Како поранешен самурај, жрецот во главниот шинтоитски храм во Хакодате, Такума сметал дека сите странци треба да бидат избркани од Јапонија, а христијанството – да биде забрането, затоа што можело да го разруши духот на јапонската нација.

Свети Николај Јапонски

„Доблесно ли е да осудиш нешто што не го познаваш?“, го запрашал него јеромонахот Николај. Савабе се согласил да го исслуша. А по некое време, јерономахот Николај го покрстил Савабе и му го дал името Павле. Набрзо потоа Павле Савабе станал и првиот Јапонец ракоположен во свештенички чин.

Свети Николај Јапонски

Постепено бројот на учениците на јеромонахот Николај растел. Десетици нови луѓе примиле Свето Крштение. Во 1873 година била повлечена забраната за проповедање на христијанството во Јапонија. Сега веќе архимандритот Николај станал предводник на Јапонската православна мисија и се преселил во Токио.

Свети Николај Јапонски

Низ цела Јапонија започнале да се појавуваат православни храмови. Во Токио бил изграден и Соборен храм посветен на Воскресението Христово. Во тоа време бројот на јапонски православни свештеници станал триесет, а бројот на верните – шест илјади. Отец Николај, пак, примил епископски чин.

Свети Николај Јапонски

Владиката Николај основал богословија, неколку огласителни училишта, училишта за момчиња и девојчиња, прифатилиште и бибилиотека. Заедно со неговиот помошник Павле (Накаи Цугумаро), на јапонски јазик ги превеле Светото Писмо и богослужбените книги.

Свети Николај Јапонски

Светителот се упокоил на 16 февруари 1912 година. Императорот Муухито лично дал дозвола за погребение на неговите земни остатоци на територијата на Токио. Во тоа време, во Јапонија веќе имало повеќе од 33 илјади православни христијани, 43 свештеници и повеќе од 100 храмови. Во 1970 година, светиот рамноапостолен Николај, просветител Јапонски бил канонизиран за светител од страна на Руската православна црква. Неговиот спомен се празнува на 16 февруари.

Посветено на Мотокко и Јамато

Оставете коментар

1 Comment on "Житие во слики: Свети Николај Јапонски"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

се преклонуваме пред вашиот благослов, исто како Јапонците пред св. Николај :)) Харистосу Фуккатсу 🙂

wpDiscuz