Болничката соба во која св. Нектариј Егински се упокоил

nektarij-bolnica-1

На натписот стои запишано: „Во оваа соба блажено се упокои свети Нектариј Егински, митрополитот Пентаполски и чудотворец, вечерта во недела, 8 ноември 1920. Тука го направи и првото чудо по неговото упокојување врз еден болнички пациент.“

Свети Нектариј се упокоил во Атина, вечерта на 8/21 ноември 1920 година, на 74-годишна возраст, откако бил хоспитализиран поради рак на простатата. Неговиот спомен е поместен за следниот ден, 9/22 ноември, затоа што на денот на упокојувањето Црквата го слави Соборот на архангел Михаил.

Во време на последните денови од неговиот живот, Светителот бил префрлен во собата за неизлечиви пациенти во болницата, заедно со голем број сиромашни луѓе на умирање. На креветот до неговиот се наоѓал пациент кој бил парализиран многу години. Откако Светиот ја предал душата, една од болничките сестри, заедно со монахињата која го придружувала св. Нектариј, започнала да го подготвува телото за пренесување во Егина и погребение. Кога му го соблекле стариот џемпер, го оставиле на креветот на парализираниот човек и продолжиле со подготовките. За чудо, фатениот човек одеднаш оздравел и станал од неговиот кревет, прославувајќи Го Господа. Ова е првото чудо што се случило веднаш по упокојувањето на Светителот, со што Господ ја потврдил светоста на митрополитот Нектариј.

Болничката соба (соба бр. 2 на вториот кат во болницата Аретаео на Кипар) во која се упокоил Светителот е светилиште кое му е посветено токму нему. Пред неговата сечесна икона постојано гори кандило, а реки од верни луѓе секојдневно ја посетуваат собата, особено болни луѓе кои му се молат на овој човекољубив чудотворец. По неговите молитви многумина добиваат сила и храброст да издржат, узнавајќи дека дури и во болеста е можно да се има постојана заедница со Бога. Немал е и бројот на исцелени луѓе од секакви болести и од сите краишта на светот.

Свети чудотворче Нектарие, моли Го Бога за нас!

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz