Свети Нектариј Егински и 15 јануари

sveti-nektarij

Свети Нектариј Егински е чудотворец чие житие на чуден начин е поврзано со денешниот ден, 15-ти јануари. Како што ќе видиме, неговиот овоземен живот во голема мера се менувал токму на овој ден.

Како прво, на 15 јануари 1847 година, само три и пол месеци по неговото раѓање во Силиврија, Источна Тракија, св. Нектариј бил крстен и го примил името на неговиот чичко Анастасиј.

Истиот ден, триесет години подоцна – на 15 јануари 1877 година, во соборната црква во Хиос бил ракоположен за ѓакон и го примил името Нектариј, откако претходно три години бил искушеник и се замонашил, добивајќи го името на четвородневниот Лазар, пријателот Христов.

За изненадување, повторно, на 15 јануари 1889 година архимандритот Нектариј Кефалас бил хиротонисан за Митрополит Пентаполски во црквата на св. Николај во Каиро од страна на Патријархот Софрониј, кому му сослужувале тогашните Архиепископи на Крф Антониј и Синајскиот Порфириј I.

И конечно, на истиот ден, 15 јануари 1998 година, Патријархот и папа Александриски Петар VII, во духот на црковната совест и стравот Божји, побарал прошка во името на неговите претходници за „гонењето на Светиот и за сето она низ што, по слабоста човечка или по грешка, нашиот Свет Отец, Епископот Пентаполски, светот Нектариј, поминал.“

Затоа и денес, како и во сите денови, да го прославиме со молитени песнопенија овој чудотворец и отец наш Нектариј Исповедник, преку кого Бог на сите нас ни дарува исцеленија. Амин.

Адаптирано од Ромфеа.гр.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz