Свети Ѓорѓи Кратовски

Тропар на св. Ѓорѓи Кратовски, гл. 2

Од рана возраст со света желба на Господа си Му се предал,
со сета душа Христа Единиот си Го засакал и Него,
Кој е вистинскиот Бог во Троица почитуван, пред нечестивите Турци си Го проповедал.
Со венец маченички си се украсил, славен,
и кон небеските жители си се придружил.
Премудри Георгиј, моли Го Христа Бога
да ја сочува татковината твоја и да ги спаси Православните
и градот, кои секогаш ги прославуваат твоите подвизи.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz