Чудесна помош

Пред некое време, во 90-тите години на минатиот век, нашата парохија го покани месниот шумар, Лео М, да пресече неколку големи дрва на задниот двор за храмот. Тој ја викна на помош својата жена Кетлин, и двајцата се справија со работата многу брзо и внимателно. Но од наплаќање категорички се откажаа, настојувајќи на тоа дека сакаат да го принесат нивниот труд во дар на нашата црква. Бидејќи Лео и Кетлин не беа православни, се заинтересиравме за причината на нивната таква штедрост. Тогаш тие ни раскажаа за еден настан, кој се случил со нив неколку години порано, после нивната венчавка.

Младоженците доста сериозно се занимавале со алпинизам и искачување по карпи, и затоа на своето свадбено патување решиле да заминат на Аљаска, за да го покорат највисокиот врв на Северна Америка – планината Денали, висока 20 320 стапки. Тие застанале на припрема во подножјето на планината и грижливо се подготвувале за експедицијата: ги појаснувале деталите кај водичите, ги прочувале картите, го проверувале алатот, и чекале кога ќе започне доброто време.

Конечно го започнале своето привлечно, но премногу тешко искачување. Некое време сѐ било добро, додека после неколку дена, приквечер не сретнале на тесната патичка стар, чуден човек, во долга темна облека, кој се движел во спротивна насока, спуштајќи се од врвот на гората. Тој другарски со нив се поздравил и ги посоветувал да се вратат во базата што е можно поскоро, објаснувајќи го својот совет со тоа што времето нагло се менува и доаѓа силна бура. И како одговор на нивното неискажливо изненадување, од каде тој тоа го знае, тој објаснил дека е локален (домороден) и дека добро ја познавал тамошната клима. Оставајќи ги во недоумение и дури во тревога, тој продолжил по својот пат.

После тоа, кога Лео со жената решиле да го послушаат неговиот совет и да се вратат, и веќе тргнале за назад, почнале да си спомнуваат како изгледал странникот што го сретнале, и наеднаш сфатиле дека кај него не забележале ни ранец, ниту какво и да е друга туристичка или спортска опрема. Како можел стар човек да се искачи толку високо по голата каменеста карпа, при температура пониска од нулата, и без каква и да е храна и заштита?

Кога Лео и Кетлин се спуштиле и биле веќе скоро на подножјето на Денали, нив сепак ги стигнала силната бура. Тие успеале подготвено да ја пречекаат, постојано во мислите благодарејќи му на старецот кој ги предупредил за опасноста. А после една недела, сеуште останувајќи во базата, дознале дека неколку други алпинисти, кои за време на бурата биле искачени на големите височини, не се вратиле назад.

Одговорот пак, на своето прашање го добиле кога неочекувано во кафетеријата од логорот ја забележале сликата на нивниот спасител, поставена на една табла со известувања и различни реклами и фотографии од гората. Тие веднаш го познале. И кога го прашале келнерот дали знае кој е тоа, тој им одговорил: „Тоа е православен светител по име Герман, кој живеел тука, на Алјаска“. Тоа била фотографија од иконата на св. Герман од православниот храм недалеку.

Светителот им ја кажал вистината. Тој навистина бил локалец.

Тешкотиите на природата претрпувајќи ги, мраз, бури, ветар и глад,
си стекнал мир душевен, топлина и ситост, си станал неподвргнат на стихиите,
вистински небесен човек и земен ангел, о прекрасен Германе,
сакајќи достојно да те почитуваме тебе, ти воскликнуваме:
Радувај се победнику на природните несреќи!
Радувај се, ти кој си засветлил со добродетели!
Радувај се преподобен отче Германе, радост на сета Америка и на Алјаска украсување!

[од акатистот на св. Герман Алјаскин]

Матушка Галина Трегубова и Ли Браун Бид

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz