Откриени моштите на светиот Георгиј Новоисповедник Романски

Пред некое време објавивме еден текст посветен на исповедништвото на отец Георгиј Калчу, романски свештеник кој за време на комунизмот поминал 21 година во затвореништво, и бил прогласен за „непријател на режимот“ на Чаушеску. Подоцна, под притисок на западните сили, светиот Георгиј бил ослободен и пребегал со своето семејство во САД, останувајќи таму до крајот на животот, во 2006 година.

Според најновите информации од неколку новински агенции, од неодамна неговите свети мошти се откриени и истите се нетлени, а од нив се чувствува и благоухание. Верници од цела Романија, но и пошироко, притекнуваат кон новооткриениот светител, просејќи милост и благослов од Бога.

Отец Георгиј Калчу: Првовековен христијанин во дваесеттиот век

Не бев свесен. Или, да бидам појасен, пред да станам православен христијанин, знаев само дека Православната Црква била силно гонета од страна на комунистите, но не бев свесен дека тоа гонење многу често било еднакво на гонењата на раната Црква.

Отец Георгиј Калчу (1925-2006) бил исповедник за верата. Романец по раѓање, православен христијанин по воспитување, и свештеник по вокација, Калчу поминал дваесет и една сурова година во затвор, бивајќи измачуван и подложен на перење на мозокот – поради неговото храбро проповедање на Евангелието и критикување на комунистичкиот материјализам.

Свети Георгиј Новоисповеднику Романски, моли Го Бога за нас!

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz