Света Султана

Другата Македонија (не онаа од исток), онаа којашто „не постои“

Новото име

На оној, што победува, ќе му дадам да јаде од сокриената мана, и ќе му дадам бело камче, и на камчето напишано ново име, што никој не го знае, освен оној што го добива!“ (Откр. 2, 17)

Вечерната служба за духовденската задушница се приближуваше кон својот крај. Малата црква во соседното село беше невообичаено полна, народот во црквта се состоеше речиси целосно од постари жени во црно, кои натажено го слушаа пеењето и се прекрстуваа побожно секој пат кога псалтот или свештеникот ќе го спомнеа клучните зборови „упокои ги“. Кога пеењето привршуваше, дојде времето за помен на имињата на починатите. Младиот свештеник се појави на дверите со еден куп до крај испишани ливчиња и го започна читањето на имињата кои народот ги имаше принесено.

Тој навидум краток и можеби досаден дел од службата беше многу значаен за бабите облечени во црно. Тие сите ги имаа зачулено своите уши и слушаа со големо внимание. Едно приложено ливче, изгледаше, свештеникот имаше тешкотии да го прочита. Се помисли малку и се чинеше како да размислува за секое име пред да го прочита. Псалтот, кого воената служба го имаше донесено на тоа место, наеднаш се почуствува незгодно, бидејќи имаше напишано многу имиња – „Толку нечитливо пишувам“, прошепоти. Тогаш дојде напред една од бабите која седеше најназад и изгледаше мошне вознемирена. Свештеникот продолжи, „Рабите Божји: Докса (грч. Δόξας), Стојанка (грч. Στογιαννούλας), е…“

Старата жена не можеше повеќе да издржи и му се развика: „Попе, зашто не ги оставаш мртвите на мир? Зашто ги менуваш нивните имиња?“

– Те молам, тетко, – одговори попот, – тишина! Оддај почит за време на овој свештен чин!

Жената не се уплаши и почна да зборува на еден друг јазик: „Со велис, бе попе? Баба ми се вика Слава, не Докса! Госпо онака ја знае! Треба да казис Слава, а не Докса!“ – „Те молам, тетко“, продолжи попот, „престани да зборуваш. Не можам да читам бугарски имиња во црквава!“ – „Со ми велис, бе попе?“, одговори одново старата жена, „грчко беше името Фредерика, кое ѝ го дадоа на твојата почината тетка? Има таква светителка и јас не знам за тоа? Но нејзе ја прочита како што треба! Роднините мои покојни беа крстени православно со тие имиња! Зашто им ги менуваш?“

Свештеникот изгледаше збунет, народот почна да станува немирен, тогаш тој рече: „Тишина!“, а клисарот тоа на народот му го преведе со зборовите „Да пукните!“ По неколку мигови тишина, свештеникот промрмори: „Ништо, не вреди, почнува само да станува немир.“, и продолжи одлучно: „За упокоение на починатите слуги Божји: Слава, Стојанка, Борис, Злата, Велика, Трајче…“. Народот се замолчи, овој случај се сметаше за решен и вечерната служба заврши како вообичаено.

Оваа случка ме потсети на еден дел од Светото Писмо, со кој го започнав овој краток расказ. Во книгата на Откровението, за којашто се зборува многу во нашево време, Христос помеѓу другото, на победниците на добриот подвиг во верата им ветува едно „ново име“. Затоа, не разбирам зашто толкави расправии за „туѓите имиња“, кога старите имиња на верниците при второто пришествие, и така, ќе бидат сменети!“

Епископ Каравангелис
Несреќната слика на грчкиот епископ Каравангелис,
како го благословува турскиот аскер за борба против Македонците

Еден пример од календарот на црквата: на петти јуни се слави, меѓу останатите, светиот маченик Аполон, а на петти декември, пак, светиот маченик Диоген. Овие свети маченици, кога го примиле христијанството, ги задржале своите родни имиња коишто ги имале, но тоа не ги спречило да посведочат за Христа.

Завршувајки го овој расказ, заклучокот или пораката во одбрана на кажаното за корист е, доколку нашите пријатели посакаат, нека им ги даваат на своите деца традиционалните имиња на своите дедовци и баби или било кој други имиња по нивни избор. И како што му кажа една баба, која се викаше Султана, со силен константинополски глас на свештеникот, којшто се противеше да ја крсти нејзината внука: „набргу ќе има и една светителка по име Султана! Мојата брачеда, со истото име, боледува тешко и сите ја знаат како света жена!“.

Превод: Кристијан Ташевски

Оставете коментар

1 Comment on "Света Султана"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

која Иронија, страницата ви се вика АГАПИ а зборите за мењавањето на имињата на Македонците од страна на грчките попиви.

wpDiscuz