Свештенството и хомосексуалноста

Затоа Бог ги предаде на срамни страсти: жените нивни природните потреби ги заменија со противприродни; и мажите исто така; оставајќи го природното зближувањсе со женскиот пол, се распалија со желби еден кон друг, и вршеа срамни работи мажи со мажи, добивајќи отплата каква што одговараше на нивната заблуда. (Рим. 1,26-27)

За полесно разбирање, ќе направиме разлика меѓу хомосексуалците кои не паднале во телесен грев, и оние мажи и жени кои „себе се ослободиле од табуата на минатото“ и остваруваат телесни односи, и можеби живеат во модерна хомосексуална заедница.

Првата група мачно се бори за да се ослободи од демонот на хомосексуалноста, кој пак на крајот се обидува да ја помрачи душата на аскетот – хомосексуалец преку помисли, за на крај да го победи својот противник.

Втората пак, група на луѓе кои се впуштиле во телесен хомосексуален грев би требало со голема усрдност да просат милост од Бога, често и искрено да се исповедаат, за да испросат милост од Бога. Со Божја помош и тие ќе успеат да се извлечат од „непријателските интриги“ и да се очистат од одвратниот хомосексуален грев, на тој начин уништувајќи ги ѓаволските интриги. Потребна им е и поддршка од духовен отец, кој во Христа би ги водел додека не сфатат дека подобрувањето и исправноста не се невозможни, оти „она што за човека е невозможно, за Бога е можно“.

Смирено се согласувам дека во оваа современа „грешна и прељубодејствителна“ генерација во која хомосексуалноста се слави, духовните отци се единствените кои покажуваат вистинско разбирање за оние коишто на овој начин тешко грешат, и им помагаат да ја разберат својата состојба, да се покаат и да станат живи членови на Црквата, спасувајќи се.

Се подразбира дека хомосексуалноста меѓу клирот е незамислива. Дури и најмалите телесни гревови се пречка за свештенството. Светиите во нашата Црква веруваат дека, како што дури и најмалото влакно во окото на еден човек предизвикува трнење и болка, и потребни се многу солзи за влакното да биде извадено од окото, така и оној кој се подготвува да биде свештеник, а уште повеќе оној кој е активен свештеник, доколку има сторено и најмал телесен грев не може да се смири во својата служба, туку се измачува и страда.

Хомосексуалноста е најтешкиот грев, кој непоправливо и целосно спречува некој човек да прими свештеничка служба (секако, Црквата не дозволува хомосексуалец да биде воздигнат на свештенички степен, иако тој можеби одамна престанал со тој грев). Василиј Велики ги смета хомосексуалноста и лезбејството за скотоложнички (бестијални) гревови: „оние коишто се огревуваат со луѓе и животни, како и убијците, маѓепсниците, прељубниците и идолопоклониците, сите тие заслужуваат иста казна“ (7. канон на Василиј Велики). Св. Григориј Нисиски хомосексуалноста ја смета за „неприродна“ во неговиот 4. канон. Св. Јован Постник во неговиот 19. канон, според писанијата на св. Никодим Светогорец, го вели следното: „Момче кое било расипано од некој маж не може да стане свештеник. Иако, поради неговата мала возраст тоа самото не направило грев, сепак садот на неговото тело е огрубен и е неповрзлив со светото свештенство“.

Nothing out there
Василиj Макрис, Градски Пејзаж

За жал, во нашата Света Православна Црква (се мисли на Црквата во Грција, заб. на прев.) постои една организирана група на хомосексуални клирици кои преку нивното соблазнително однесување и нивното безобразно упорствување во овие смртни гревови, и покрај тоа што треба да ги грабнат луѓето од опустошувачкиот амбис и да ги помират со Христа, тие ги грабнуваат и ги влечат кон овоземниот пекол, на тој начин подготвувајќи ги за вечниот пекол.

Психологијата на клириците обземени од смртната хомосексуална страст во суштина мутира во еден менталитет на гонење од Црквата. Преостанатиот слаб глас на нивната совест ги преколнува поради тоа што се на погрешен пат, и поради нивната лична подвоеност која секојдневно ја формираат. Неверојатна невротичност ја раздвојува нивната личност, и се појавува опсесивна одбивност кон одредени личности, ужасна запоставеност во нивните литургиски и пастирски обврски, безобѕирност кон нивното семејство (во случај да се оженети), и реално погазување на нивната ангелска схима доколку се монаси. Завземени од манија за празни софизми во поглед на Светите Канони, заедно со хипокризни и „побожни“ изговори, тие се обидуваат да ја модернизираат Црквата.

За несреќа, во ваквите групи на хомосексуални клирици се развива една нереална и лажна клима на наводна љубов и поддршка еден за друг. Многу веројатно е младите и неиксусни кандидати за клирици да бидат фатени од овој претеран и ревносен протекционизам, доколку истите не бидат духовно и зрело водени од еден опитен духовен и побожен православен начин на размислување. Доколку се случи тоа, тие ќе станат емотивно и на пријателски начин врзани со овие нивни патрони; доколку кај нив постои макар и најмала тенденција кон хомосексуалноста, тие ќе станат жртви на оваа мрежа со катастрофални последици, како за едните, така и за другите (и за искористувачите, и за искористените).

Злото на овие групи, или на другите, индивидуални случаи, продолжува со најразлични сценарија и падови кои низ светот ги поставува блудната и лукава змија, ѓаволот.

Ако овие кандидати или млади свештеници најпосле се придружат и останат во ваквите хомосексуални кругови, со сигурност ќе сносат последици од особен вид, но и целосно ќе се отуѓат поради мерките и матриците кои нивните искусни и добро информирани хомосексуални патрони ги наметнуваат.

Постојат и ретки исклучоци на клирици – хомосексуалци кои се покајале, кои духовно, душевно, егзистенцијално, па дури и физички страдаат, и во ништо не можат да најдат мир и утеха од нивната совест која неуморно ги измачува. Доколку таквите не се покаат длабоко, и не се откажат од нивниот висок свештенички чин, тие никогаш нема да се смират и да добијат потполно простување од Бога.

Архимандрит Сарандис Саранду
фрагмент од текстот: „Хомосексуалната страст според св. Јован Златоуст

Оставете коментар

2 Comments on "Свештенството и хомосексуалноста"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted
ѓакон Димитар

Св. Јован Златоуст за хомосексуалците вели: „Тие се полоши од убијците, бидејќи убијците ги убиваат телата, а тие ги убиваат и душите; Освен тоа, грешат и го срамат својот пол, бидејќи го отфрлаат машкото достоинство и го заменуваат со женско и обратно…“ Мн. остро е осуден овој грев од светите отци кои го нарекуваат содомски или гревот за кој е срамно да се спомнува

Покајание Подај Господи!

wpDiscuz