Св. Теофан Затворник: Недела на светите отци

Родословие на Исуса Христа, син Давидов, син Авраамов. Авраам го роди Исака, Исак го роди Јакова, а Јаков го роди Јуда и браќата негови; Јуда го роди Фареса и Зара од Тамар; Фарес го роди Есрома, а Есром го роди Арама; Арам го роди Аминадава; Аминадава го роди Наасона, а Наасон го роди Салмона; Салмон го роди Вооза со Раав; Вооз го роди Овида со Рут, а Овид го роди Јесеја; Јесеј го роди цар Давида, а цар Давид со поранешната Уриева жена го роди Соломона; Соломон го роди Ровоама; Ровоам го роди Авија, а Авија го роди Аса; Аса го роди Јосафата; Јосафат го роди Јорама, а Јорам го роди Озија; Озија го роди Јоатама; Јоатам го роди Ахаза, а Ахаз го роди Езекија; Езекија го роди Манасија; Манасија го роди Амона, а Амон го роди Јосија; Јосија го роди Јоакима; Јоаким го роди Јехонија и браќата негови за време преселувањето во Вавилон. А по Вавилонското преселување Јехонија го роди Салатиила, а Салатиил го роди Зоровавела; Зоровавел го роди Авиуда; Авиуд го роди Елијакима, а Елијаким го роди Азора; Азор го роди Садока; Садок го роди Ахима, а Ахим го роди Елиуда; Елиуд го роди Елеазара; Елеазар го роди Матана, а Матан го роди Јакова; Јаков го роди Јосифа, мажот на Марија, од која се роди Исус, наречен Христос. И така, сите родови од Авраама до Давида се четиринаесет; и од Давида до Вавилонското преселување се четиринаесет родови; а и од преселувањето Вавилонско до Христа – родови четиринаесет. А раѓањето на Исуса Христа стана вака: по свршувачката на мајка Му Марија за Јосифа, уште пред да се состанат, се виде дека е тешка од Светиот Дух. А Јосиф, нејзиниот маж, бидејќи праведен, не сакаше да ја посрами и намисли тајно да ја отпушти. Но, штом помисли така, ангел Господов му се јави насон и рече: „Јосифе, син Давидов, не бој се да ја примиш Марија, жената своја, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух; Таа ќе роди Син и ќе Му ставиш име Исус, зашто Он ќе го спаси народот Свој од неговите гревови.” А сето тоа стана за да се исполни кажаното од Господа преку пророкот, кој вели: 23. И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе го наречат Емануил – што значи: со нас е Бог! Штом се разбуди Јосиф од сонот, направи така како што му беше заповедал ангелот Господов и ја прими жената своја. И не се доближи до неа, додека таа не Го роди својот првороден Син и Го нарече Исус.

Мт. 1,1-25

Светите отци. Навистина, големи луѓе! Ако ја генерализираме мислата со која се одредува нивната големина, ќе дојдеме до следното: вистински големи се само оние луѓе што ја исполнуваат потврдната волја Божја во однос на родот човечки, зашто многу од тоа што бива, бива единствено по допуштението Божјо. Од друга страна, има силни луѓе што делуваат заобиколувајќи ја волјата Божја, па дури и спротивставувајќи ѝ се. Тие изгледаат како да се големи, иако не се такви сами по себе, туку поради противдејствијата што Божјата промисла ги чини за да го поништи злото што тие го предизвикале.

Дрво Јесеево

Нам ни е позната непосредната волја Божја за вечното спасение. Меѓутоа, Божјите планови за ововременото пребивање на луѓето на земјата се сокриени од нас. Поради тоа, нам ни е тешко да определиме кој делува поисправно, т.е. според Божјата волја. Но, еден недвосмислен критериум може да се признае како недвосмислен: човекот што дејствува спротивно на Божјата одлука за вечното спасение не може да биде сметан за голем, па колку големи и да се неговите дела, од проста причина што тој отворен оди против нам откриената Божја волја. И, макар што оваа нам откриена Божја волја не се однесува на временото, туку на вечното, сепак, едната несомнено не ѝ противречи на другата.

Св. Теофан Затворник

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz