Св. Параскева (Петка) Икониска

Рoдeна вo градoт Икoнија (денешна Коња, Р. Турција) oд бoгати и христoљубиви рoдитeли. Пo смртта на свoитe рoдитeли, дeвoјката Параскeва пoчнала да гo раздава свoјoт имoт на бeднитe и сирoмашнитe сè вo имeтo на Христа Гoспoда. Кoга настаналo гoнeњe вo врeмeтo на Диoклeцијан, Параскeва била извeдeна на суд прeд кнeзoт на таа зeмја. Кoга кнeзoт ја прашал за имeтo, таа рeкла дeка сe вика христијанка. Кнeзoт ја укoрил затoа штo нe гo кажала свoeтo вooбичаeнo имe. Параскeва му рeкла: „Трeбашe првo да ти гo кажам имeтo oд вeчниoт живoт, па пoтoа имeтo oд приврeмeниoт живoт”. Пo камшикувањeтo, кнeзoт ја фрлил вo затвoр кадe штo ѝ сe јавил ангeл Бoжји и oткакo ѝ ги излeкувал ранитe, ја утeшил. Сo мoлитва ги разурнала ситe идoли вo нeзнабoжeчкиoт храм. Пo дoлгoтрајнитe и лути маки, била сo мeч исeчeна и сe прeсeлила вo вeчeн живoт, во третиот век по Христа.

од Прологот

Руска икона на св. Параскева Икониска, заедно со св. Григориј Богослов, св. Јован Златоуст и св. Василиј Велики
Руска икона на св. Параскева Икониска, заедно со св. Григориј Богослов, св. Јован Златоуст и св. Василиј Велики

Која е смислата на името Параскева – Петка?

Името Параскева (на грч: Παρασκευή, Параскеви) буквално значи подготовка, но и ден за подготовка, петок. Смислата се состои во подготовката за Шабатот, односно светиот ден кај Евреите, саботата. Како име, христијаните започнале да го користат многу рано, во спомен на денот на Христовото искупително Стадание, петок. Честопати името Параскева – Петка го добивале девојчињата родени во петок.

Колку светителки го носат ова име, и кои се тие?

Иако многумина верни сметаат дека има само една света Петка која се празнува, всушност, постојат неколку различни светителки во Православната Црква што го носат името Параскева – Петка. Тие се:

1) Св. мч-чка Параскева, сестрата на Самарјанката од Евангелието (св. Фотина): пострадала во 1. век од императорот Нерон; нејзиниот спомен се празнува на 20 март / 2 април.
2) Св. Параскева Римјанка: маченичка од 2. век, обезглавена по наредба на управителот Тарасиј. Оваа светителка, според едно предание, го исцелила императорот Антонин од слепост; нејзиниот спомен се празнува на 26 јули / 8 август, а кај народот овој празник е познат како „летна света Петка“.
3) Преподобна Параскева Епиватска/Трновска/Српска: подвижничка од 11. век, нејзините мошти се наоѓаат во Романија; нејзиниот спомен се празнува на 14/27 октомври.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz