Св. Нектариј Егински: Побожна и непобожна ревност

Св. Нектариј Егински

Умната ревност, инспирирана од љубовта кон Бога и ближните, сè што прави прави со љубов и снисходење; човекот со ваква ревност не му нанесува болка на ближниот; таквата ревност е просветлена од знаење и не го тера човека да застранува од тоа што е морално исправно.

Христијанинот што е понесен од неразумна ревност, пак, е погубен човек кој го извртува Евангелието на благодатта и љубовта. Неговата ревност е похотен оган што пали сè околу него. Од него извира погибел, и сè завршува со пустош. Тој Го преколнува Бога да испрати оган од небесата и да ги изгори сите оние што ги прифаќаат неговите принципи и убедувања. Таквиот човек е исполнет со омраза кон другите религии, со завист и вечен гнев, насилен отпор кон вистинскиот дух на Божествениот Закон, неразумна тврдоглавост во бранењето на своите ставови, острастен жар за победа во секоја борба, славољубие, кавгаџиство, расправии и љубов кон правење смут.

Свети Нектариј Егински

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz