Св. монах Евтимиј Велики

На 2 февруари Црквата го слави споменот на св. старец Евтимиј Кереселидзе. Старец Евтимиј е роден 1865 година во Садмели (Грузија), во семејство на побожни родители Соломон и Марта. На Крштение го добил името Евстатиј. По завршувањето на основното образование во помесното парохиско училиште, петнаесетгодишниот Евстатиј заминал да бара работа најпрво во Кутаиси, па потоа во Тбилиси. Со помош на неколку побожни луѓе, Евстатиј основал богословски книжевен кружок во Тбилиси, со цел да се зацврсти православната вера меѓу грузискиот народ, да се работи на древната школа на грузиско пеење и овој црковен напев да се популаризира меѓу луѓето.

Св. ЕвтимијВо 1890 г. кружокот набавил печатарска машина, и во следните години овие ревносни младичи печателе православна литература која бесплатно ја делеле на народот. Во 1912 година се замонашил и го примил името Евтимиј, во чест на св. Евтимиј Светогорец, во мај 1913. бил ракоположен за јероѓакон, a во 1917. за јеромонах. Во ужасната 1921., кога комунистите дошле на власт во Кутаиси, бил осомничен за противкомунистичко делување и затворен. Меѓутоа, поради недостиг на докази, набрзо бил ослободен. Следните години отец Евтимиј и неговото братство биле изложени на бројни притисоци, но тие не клонеле со духот. Напротив, светиот монах продолжил да собира древни грузиски црковни песнопенија, и планирал истите да ги уреди и објави според западната нотација.

Каде и да одел (а неколкупати бил преместуван од страна на безбожните власти од еден манастир во друг), со себе ја носел архивата која макотрпно ја собирал и збогатувал. Во ноември 1938. во Државниот музеј на Грузија предал 5.532 записи, сите сочувани во оригинал и преведени од невматско во западно музичко писмо. Во Втората светска војна бил единствениот монах останат во манастирот Зедазени. За него, бидејќи веќе бил во поодмината возраст, се грижеле монахињите од манастирот Самтавро. Мирно се упокоил во Господа во 1944 година.

Древната школа на грузиско пеење е сочувана до ден денешен воглавно како резултат на бестрашните напорни на старец Евтимиј. Како св. Евтимиј Светогорец, по кого го добил името, и старе Евтимиј го посветил својот живот на збогатување и сочувување на ризниците на мајката Црква. Тој ги вложил своите таленти и сили во сочувување на уникатното грузиско духовно наследство. Бил подвижник и вистински молитвеник. Уште од младоста бил вистински пример за целомудрие, смирение и трпение.

На 18 септември 2003. Свештениот Синод на Грузиската Црква го вброи во соборот на светиите, под името Евтимиј Исповедник. По неговите свети молитви, Господ Бог да нѐ помилува и спаси.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz