Што е тоа православна хеортологија?

Агапи започнува нов циклус на кратки раскази за православната хеортологија и химнографија. На лесен и наративен начин ќе се обидеме да ја зачиниме понекогаш сувопарната историографија и фактографија. Затоа и нема да бидеме многу опширни. Се надеваме дека овие „лекциички“ ќе бидат од корист. И се надеваме дека ќе ни биде интересно да се дружиме, запознавајќи дел од историјата на црковните празници и на црковната поезија.

Што е тоа православна хеортологија?

На богослужби, апостолите и првите христијани оделе во јудејските синагоги. Кога обрезанието било укинато, тие престанале да ги празнуваат јудејските празници. На христијаните, центар во животот им била евхаристијата – приносот на лебот и виното и приносот на самиот нивен живот. Сепак и покрај новите празници, самата евхаристија останала основа за секој нов празник.

Евреите, за празник имаат еден интересен збор – chag. Chag доаѓа од зборот chagag – да играш. На грчки јазик, пак, да кажеш празник, буквално би значело „свеченост“, „славење“ или „восхит“ (eorti). Од грчкиов збор eorti, доаѓа и кованицата (х)еортологија, или наука за празниците. Ние, на нашки велиме „празник“, што пракса би значело дека го оставаме нашето секојдневие, и нашите лични обврски и потреби стануваат празни, второстепени – заради Бога и Црквата.

Милош Дрпа

Оставете коментар

1 Comment on "Што е тоа православна хеортологија?"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

[…] Минатиот пат кажавме дека христијаните и јудејците оделе на заеднички служби. Значи основа за христијанското богослужение е јудејското. Го појаснивме и зборот „празник“, како игра/chag, свеченост/eorti, славење, восхит и нешто празно. Сега да видиме која е суштината на празнувањето. […]

wpDiscuz