Што барав и најдов во Црквата

multik

Во Црквата сретнав ретки луѓе, со добродетели и автентичност, зрели, воспитани, вистински Христијани, нежни души. Сретнав, се осмелувам да речам, светители. Во животот, општо, не среќавав вакви луѓе. Овие Христијани се разликуваа од другите луѓе. Морам да признаам, никогаш не видов знаци или чуда. Тие не беа потребни.

Иако, поради некоја причина, не сакав мојата вера да биде носена од она што постоеше, туку сакав да се развие. Не сакав да бидам носен ниту од разумните докази [кои одеа] во прилог [на верата], ниту од добродетелите на верните. Ниту докази, ни посредни заклучоци не беа потребни. Не погрешив и не трагав по умни или образовани луѓе, ниту по успешни и добри, ниту по чудни настани или нереални трикови. Сакав да ја откријам чисто внатре во мене. И на никое друго место. Дури и за светоста и добрината на Христијаните сакав само наговестување, или да бидам испириран од неа, но не [од нив] да бидам принуден да го следам патот на верата и Црквата. Мојата вера во Бога не треба да се заснова на мојата доверба во луѓе. Таа треба да биде сопствен глас во мене.

Не сакав никому или на ништо да му дозволам душевно да ме силува. Мојата вера ќе вредеше само ако ја најдев на врвот на мојата слобода. Оваа слобода ја прифатив како најголемиот дар што го имам. Ако Бог постоеше, Тој мораше да ми ја има дадено, не за да бидам залажан од уживањето во мојата минливост, ниту за да бидам замаен од моите способности или успеси, туку за да ја спознаам вистината, и среде неа да Го сретнам.

Вистина е дека бев во болка. Во молк плачев. Не сакав да бидам понесен. Мојот обид беше тајна, не можеше да биде искажан. Мојот пат беше осаменички, иако бев едно мало дете. Имав чувство дека ако го споделам ова, никој немаше да ме разбере.

…Оваа болка од трагањето никогаш не можев да ја споделам со Христијаните што ги познавав. Тие на испитувањето гледаа како на грев. Тие мислеа дека се сигурни во сè, дека има одговор за сè. Така беа научени. Тие говореа за Таинството како да ги знаат неговите тајни до детаљ. Можеби само тие ги знаеја. Но, на овој начин тие го направија многу логично, смалено, соголено од неговата убавина и таинствен шарм. Ја уништија неговата надеж. Не сакав да бидам како нив. Му завидував на богатството за кое мислев дека го имаат, на квалитетот на нивните особини, но не на нивната вера. За мене, таа беше погрешна. Тие го немаа животот по кој јас трагав, силата што ја барав, слободата по која копнеев.

…Во Црквата ја најдов силата сокриена во покајанието на грешникот. И милоста Божја. Сакав да слушам за Крадецот од Евангелието, за Проститутката која со миро помазува, за Митарот, за Блудниот син, за Петар не од времето на неговото исповедание, туку тогаш кога „горко заплака“, за Павле, од покајание растрнатиот. За Марта која се грижеше за многу работи и Тома кој сакаше веднаш да допре, тие беа човечни. Тие ме трогнаа многу повеќе отколку големите Отци на Црквата. Солзите на покајниците ме трогнаа повеќе од мислите на богословите.

г. Николај, Митрополит Лавреотикиски и Месогејски

„Ако постои живот, сакам да го живеам“

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz