Стекнување мудро срце

krst-na-vlez

Луѓето знаат што е образованост и ум. Но, што е тоа мудрост?

Псалмопевецот повикува кон Бога: „Научи нè да ги броиме дните наши, та да се здобиеме со срце мудро“ (Псалм 89, 12). Целта на броењето на нашите денови е стекнување мудро срце. Но, што е мудроста? Во нашите денови, луѓето слабо знаат за тоа. Тие знаат што е образованост – тоа е опширно знаење кое овозможува остварување на своите цели во животот. Луѓето, исто така, знаат што е ум – потенцијал преку кој се остваруваат сите тие знања и навики. Но, мудроста? Што е тоа?

Човек може да биде умен и образован и притоа немудар.

Може да биде мудар и при тоа да не се истакнува со интелектот или до длабоки познавања. Во сите традиционални култури, мудроста се сметала како нешто најважно: „Блажен е човекот, кој се здобил со мудрост, и човек, што спечалил разум; подобро е да ја добиеме неа, отколку ризници со сребро и злато“ (Мудри Соломонови изреки 3, 13-14).

Мудроста е способност не само за остварување на своите цели, туку пред сè за правилно определување на тие цели: што е најважно во нашиот живот; каде ги гледаме тие цели, смислата, достоинството и оправдувањето; зошто живееме, итн.

Библиското Откровение на Јован Богослов дава одговор: создадени сме за да го спознаеме Бога и да Му радуваме Нему во веки, та преку покајание, вера и сочувување на заповедите да влеземе во вечен и блажен живот; и за во радосните и за во трагичните моменти во историјата човечка да дејствува Промислата Божја. Како што говори апостолот: „Знаеме дека на оние што Го љубат Бога и се призвани по Негова волја, сè им врви добро“ (Рим. 8, 28)

Во нашиот живот имаме цел, смисла и задача да Го бараме Бога и да бараме исполнување на Неговата света волја насекаде. Кога било што друго ставаме на прво место, неизбежно се движиме кон пропаст – и како поединци, и како општество. Како што е кажано во Евангелието: „И така, секој, што ги слуша и исполнува овие Мои зборови, ќе биде како благоразумен маж, кој си направил куќа на камен. И заврна дожд и надојдоа реки, и дувнаа ветрови, и навалија на таа куќа, но таа не падна, оти беше изградена од камен. А секој, што ги слуша овие Мои зборови и не ги исполнува, прилега на човек глупав, кој си направил куќа од песок. И заврна дожд, и надојдоа реки, и дувнаа ветрови, и навалија на таа куќа, и таа падна, а паѓањето ѝ беше страшно.” (Матеј 7, 24-27).

Ние имаме цел, смисла и задача; знаеме што да правиме. И си спомнуваме дека нашата иднина е во рацете на Бога.

Ние знаеме што да правиме. Да бидеме смирени и благодарни; на крајот на краиштата, дури и во кризи, ние живееме со многу поголем мир и богатство, од било кога во нашата историја. Секојдневно гледаме колку е лесно да се разруши една држава. Затоа да се љубиме и да се чуваме еден со друг. И да не се плашиме, сеќавајќи се дека нашата иднина е во рацете на нашиот Бог; како што вели псалмопевецот: „Во Книгата Твоја сè е запишано за мене, дури и деновите мои се забележани кога уште не постоеше ниеден“ (Псалми 138, 16).

Сергеј Худиев

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz