Старецот и урмите

Една жена го довела своето мало синче кај некој познат старец.

– Некој му направил магија на моето дете, – рекла мајката. Секој ден, од утро до вечер јаде само урми. Старче, ова не е нормално – само урми, и ништо друго. Те молам, помагај!

Старецот го погледнал детето и ѝ рекол: „Добра жено, врати се дома со синчето. А утре, во исто време, дојдете кај мене и јас ќе ви помогнам.“

Речено – сторено. Утредента ревносната мајка уште еднаш дошла со синчето. Старецот го зел детето в скут, ги зел урмите што биле во неговите раце, и му рекол: „Сине мој, не заборавај дека на светот има и други вкусни работи.“ Заедно ги оставиле урмите во една чинија, а постоа старецот го благословил детето и ѝ го дал на мајката.

Жената, изненадена од тоа што детето не плачело (оти, претходно, ако се случело некој да му ги земе урмите од раце, тоа започнувало да плаче и не се смирувало додека повторно не ги добиело урмите назад), го прашала старецот: „Старче, па зошто не го направи истово вчера? Зошто нè тераше да изидеме толку голем пат два пати?“

– Добра жено, – смирено одговарал старецот. – Вчера не можев да му го речам тоа што денес му го реков на твоето синче затоа што и јас вчера си јадев урми.

И така, мајката и оздравеното синче со благодарност кон Бога си заминале од кај старецот. Мајката по пат цело време си размислувала за тоа дека сите совети и поуки раѓаат плод само тогаш кога оној кој ги дава ги потврдува и сведочи и преку сопствениот живот.

Оставете коментар

2 Comments on "Старецот и урмите"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

ај сега една корекција: ги измешавте урмите со смоквите….

Важно е да е благо 😀 Поправено, благодарност за укажувањето!

wpDiscuz